Во најновата неделна колумна за случувањата во Прилеп во изминатите седум дена, новинарот Зоран Момироски се осврна и на распределбата на финансиската поддршка од општината за спортските клубови и невладините организации. Ветените 12 милиони денари се’ уште ги нема на сметките, а не се знае ни кој колку ќе добие од општинскиот буџет.
-Сезоната завршува, одлука на Советот на градот и распределба на средства од општинскиот буџет нема, реагираат прилепски спортски работници. Во интерес на вистината со идењето на Декио за прв човек на градот, овие буџетски средства се двојно зголемени, во споредба со тие кои беа на располагање во изминатиот мандатен период. Се знае дека од поранешните 6 милиони и 500 илјади денари за поддршка на спортски клубви и на невладини организации и граѓански здруженија, сега на располагање се ставени 12 милиони денари, што е почетен, но добар старт, ако се цели на зголемување на овие средства во следната година. Но, зошто се доцни со нивна распределба нема одговор. Меѓу спортските работници има и негодување, како ќе биде направена оваа распределба. Во минатиот мандатен период пари добивале и приватни клубови, кои не се членови на некоја федерација, ниту пак некогаш се натпреварувале во официјални лиги кои постојат во државава. Овие спортски работници велат дека е потребно да се направи правилна распределба во самите спортски клубови. Кои се за спорт со профит, а кои за спорт во систем на натпреварување, оти според неофицијални податоци во Прилеп, вкупно ги има околу 70, а половина сигурно се за спорт со профит. За споредба, добро упатени тврдат дека Охрид со буџет помал од Прилеп, годишно се издвојуваат околу 70.000.000 денари, но овие пари се насочуваат за клубови кои се во систем на натпреварување.
Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА























