Мицкоски: Во вojната се гyбеле по 17 лyѓе дневно, со оваа нecпоcoбна влacт бpojката е 40

Баталете ги дневно политичките мешетарења, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче им порача да излезат надвор од стаклената кутија што самите ја создаваат, да излезат надвор и да го чујат плачот на народот.

-Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми.
Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно. Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат, вели Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.