Мириса на домашно готвено во Точила: Погледнете што има на денешното мени во КРЕАС

Во населбата Точила во Прилеп, веднаш до КАМ маркет, секој ден се подготвуваат свежи и вкусни домашни јадења во новоотворениот КРЕАС – готвени јадења. Зад овој нов гастрономски концепт стои добро познатото име Месарница „Креас“, бренд кој со години е препознатлив по квалитетот и довербата кај прилепчани.

КРЕАС нуди богато дневно мени подготвено од искусни мајстори на традиционалната кујна, со акцент на свежи состојки, домашен вкус и оброци кои потсетуваат на семејниот ручек.

На денешното мени има повеќе специјалитети за сечиј вкус:

Главни јадења

  • Телешка чорба
  • Пилешки стек со кашкавал
  • Пилешки двојник со сос
  • Обезкостен копан
  • Поховано пилешко
  • Печено пиле со сусам
  • Свински мускул во сос
  • Сотирано свинско месо
  • Свински увијач со сос
  • Мусака
  • Телешко динстано во сос
  • Телешко динстано со кашкавал
  • Полнети тиквички со месо
  • Гулаш

Посни јадења

  • Тавче гравче
  • Чорбест грав
  • Посна јанија од мешан зеленчук
  • Пастрмка
  • Ослич

Прилози

  • Пире
  • Ориз
  • Грилован зеленчук
  • Рестован компир
  • Пекарски компир

Салати

  • Руска салата
  • Таратур
  • Зелка салата
  • Шопска салата
  • Грчка салата

Во време кога динамичното секојдневие остава сè помалку простор за готвење дома, КРЕАС нуди практично решение без компромис со вкусот и квалитетот. Секој оброк е подготвен со внимание и според традиционални рецепти кои ја носат препознатливата арома на македонската кујна.

Доколку денес размислувате што да биде на вашата трпеза, посетете го КРЕАС – готвени јадења во Точила и уживајте во богат избор на топли, свежо подготвени специјалитети.

Домашниот вкус сега има нова адреса во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.