Класичната сцена од милениот цртан филм „Којотот и брзата птица итрица“ се случи во реалниот живот во текот на викендот. Еден професор сними како којот брка птица.
Микел Томас Боган, доцент во Аризона, ја сними оваа сцена на реката Санта Круз.
-Буквално којот што брка брза птица, се слуша во видеото. „Не можам да верувам. Ова е како во цртан филм“.