Во населеното место Кореница започнаа активности за подобрување на комуналната инфраструктура, со акцент на чистење на одводните канали, регулирање на одведувањето на атмосферските води и уредување на уличната мрежа.
Работните активности опфаќаат чистење на одводните канали, тампонирање и рамнење на улиците, со цел да се овозможи подобро одведување на атмосферските води и да се намали нивното задржување на улиците.
Зафатите се реализираат со работната механизација на ЈП „Пелагонија“, во координација со Општина Кривогаштани и во соработка со локалното население.
Со овие активности се очекува да се подобрат условите за движење и секојдневното функционирање на жителите на Кореница.
Работите ќе продолжат и во наредните денови.





























