Двете екипи на прилепски Мега баскет, и сениорската и екипата до 18 години, денеска на домашен терен ќе атакуваат на шестата последователна победа.
Најпрво сениорите со почеток од 17:30 часот го пречекуваат Младинец од Скопје, а веднаш по нив и дечките до 18 години го играат својот натпревар против Шар Планина од Гостивар.
Прилепчани се во топ форма и се надеваат дека ќе продолжат со победничкиот ритам на теренот, а за тоа секако им е потребна наша поддршка на трибините во ООУ “Добре Јованоски”.

























