Градоначалникот на Битола на средба со новиот турски амбасадор во Македонија

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски оствари работна средна со новиот турски амбасадор во Македонија Алпер Акташ, на кој му посака добредојде во Битола и го информираше за градот со својата културна и историска традиција.

На средбата градоначалникот Коњановски го запозна амбасадорот Акташ со досегашните добри релации на Битола со неговата земја и со збратимениот град Бурса, во насока на продлабочување на соработката.

Двајцата соговорници ги потврдија одличните релации на соработка на повеќе полиња, со акцент на економијата и културата, како и во делот на туризмот, каде туристите од Турција се едни од најбројните кои ја посетуваат Битола.
Градоначалникот Коњановски и амбасадорот Акташ изразија подготвеност за продолжување на редовната комуникација и за интензивирање на соработката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.