По високата победа во воведното прво коло минатата недела во Гостивар, младинската екипа на Мега Баскет Прилеп, се подготвува за утрешното регионално дерби против Тиквеш.
Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, а дечките заслужуваат огромна поддршка на трибините.
Организирајте го друштвото и ајде на кошарка, да ги бодриме младите прилепски надежи и да уживаме заедно во нивните кошаркарски мајстории.
























