(ВИДЕО) Одличен гест! Дориан Бабунски преку видео ги поздрави најмалите фубалерчиња на Победа и им испрати спортска опрема

Најмалите фудбалерчиња на Фудбалскиот клуб Победа се фотографираа во нова опрема, а за што станува збор, дознаваме од објавата на социјалните мрежи, споделена од “Идеал Спорт”, невладина спортска организација предводена од прилепчанецот Александар Ѓорѓиески.

-ИДЕАЛ СПОРТ изразува голема благодарност до Дориан Бабунски, Жарко Костиќ, ФК Победа – младинската школа, за овој убав гест кој со ваша помош преку оваа идеја, сите ние заедно придонесуваме да ги промовираме основните спортски вредности, за доброто пред сè, и дека заедно можеме нештата да ги направиме уште подобри.

Се надеваме дека ќе допреме и поттикнеме и други врвни спортисти да го направат истото во други фудбалски клубови, фудбалски школи или училишта во Македонија🇲🇰.

Идеал Спорт го испраќа и следниот совет до родителите на децата: Оставете ги вашите деца да уживаат, да се забавуваат во спортот, не ги форсирајте и не им правете непотребен притисок, и кога грешат дајте им поддршка и охрабрете ги. Учете ги на основните спортски вредности да се почитуваат меѓу себе да се бодрат и кога победуваат и кога губат. Ова е фаза да уживате заедно со вашето дете и сите други деца, бидете среќни што во ова денешно дигитално време тие спортуваат.

Патот до врвен фудбалер има многу фази и е многу суров, но без основните спортски вредности не се стигнува никаде.👈🏻

На тренерите кои работат со деца до 12 години, а притоа промовираат играње на резултати, сакаме да им посочиме дека прават штета на самите деца. Овој вид на притисок може да има негативен ефект и врз децата и врз нивните перформанси во иднина, воедно и самите како тренери си правите непотребен притисок, сепак ова не е финале на лига на шампиони. Затоа ги молиме тренерите да го разгледаат својот пристап и да се фокусираат на развојот и уживањето на децата во спортот, без да ги притискаат да бидат професионалци пред време.

Идеал спорт, ќе продолжи и со нови активности и акции со крајна цел за подобар спорт во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.