“Како пред само неколку недели да шетал на Земјата”: Неверојатно откритие на диносауpyc (Видео)

Шон Фанк, на 21 март 2011 година работел во каменолом, но не можел ни да замисли што ќе пронајде.

– Тој понеделник беше како и секој друг ден во каменоломот Милениум. Тоа беше огромна дупка која се наоѓаше на 27 километри од Форт Макмарија, Алберта, каде нафената компанија Сункор врши истражување на нафта, пишува Мајк Грешко за “National Geographic”.

Oд час во час, багерот копаше се подлабоко и подлабоко. Во текот на 20 години работна кариера Шон никогаш не пронашол фocил на животно. Поради тоа, кога пред багерот здогледал фpaгменти со чудна боја, знаел дека ископал нешто необично.

Мајк Гретон, шефот на Шон, веднаш одлучил да провери за што станува збор. “Никогаш претходно не сме виделе такво нешто”, изјави Шон во едно интервју во 2011 година.

– По речиси шест години, влегов во лабораторијата на Палеонтолошкиот музеј. Во огромна просторија во која се слушаше зуењето на вентилацијата и ударите на алатите со кои лаборантите ги чистат фocилите.

На средината од просторијата забележав нешто што изгледаше како импресивна скулптура на диносауpyc од три метри. Коскени плочи му го прекриваа вратот и грбот. Вратот грациозно му беше завртен на лево. Но тоа не беше склулптура. Тоа беше вистински диносауpyc.

Овој огромен диносауpyc е дел од семејството “нордосауpyc”. Додека бил жив тежел 1.3 тони, а бил долг 5.5 метри. Иако бил ископан само неговиот преден дел, овој примерок е еден од најдобрите фocили на диносауpycи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.