Веќе нема натпревар од каде не собраа грст награди: Девојките од танцовиот клуб “New Generation” од Прилеп одлични на Аrtist Hub (Видео)

На ден 14.05.2022 година во Струмица се одржа Интернационален натпревар во модерни танци ARTIST HUB.

На натпреварот учествуваа сите најдобри групи од Македонија и соседните држави.

Прилепскиот танцов клуб NEW GENERATION зеде учество со една формација во “Техно Денс”, како и 6 соло точки во “Хип Хоп” и “Стрит Денс”.

Во голема конкуренција девојките од Прилеп освоија три први места и тоа во формација “Техно Денс”, прво место освоја Исидора Петреска со прекрасната изведба ФМ 80 90, како и Деана Стојческа во иста категорија, но во “Стрит Денс”.

Во голема конкуренција на “Хип Хоп”, Ивана Богојевска го освои третото место, а Исидора исто така трето место во “Hip Hop Bottle”, a 5 место во “Хип Хоп”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.