Битолчанец возел “мртов пијан” низ Прилеп

На 14.04.2026 во 02:00 часот на ул. „Добривое Радосављевиќ“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Р.(47) од Битола.

Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „хонда“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р., при што констатирано било дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,93 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.