Блесна ново игралиште и во ОУ “Kире Гаврилоски – Jaне” (ФОТО)

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ со почетокот на учебната година  доби ново игралиште. Оваа инвестиција чини илјада и осумстотини илјади денари, средствата се обезбедени од Буџетот на Локалната самоуправа.


Градоначалникот Марјан Ристески кој го посети ова училиште, во изјавата за медиумите посочи:

„Продолжуваме со подобрувањето на условите за образование во основните и средните училишта во Општина Прилеп. Во ова училиште се немаше инвестирано повеќе децении т.е од кога било направеново. Во изминативе 10-тина/ 11 години во ова основно училиште досега е инвестирано во реновирање на покривот, обновена е дограмата, поставена е громобранска заштита, санација на дел од санитариите, уреден е дворот, фасадата, се воведе централно греење и единствено ова прилепско училиште има амфитеатрални училници за настава на отворено,… со што прерасна во вистинско основно училиште по европски стандарди“ посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Според директорот на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за одвивање на воспитно – образовната дејност во училиштето. Со ова уште еднаш се покажуваат заложбите на Локалната самоуправа за инвестирање во образованието како главен приоритет, посочи Никола Кузески директор на училиштето.

Игралиштето е на површина од 2.000 м2, а на него ќе може да се игра фудбал кошарка и ракомет.

Настаните кои беа организирани од областа на спортот во училиштето, беа дел од серијалот на спортски настани посветени на Неделата на спортот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.