The Infiltrator: Ѕвездата од Breaking Bad како убиец на картелот на Eскобар

the-infiltrator-2016-movie-poster-hd-wallpaper-555-416

The Infiltrator е новата крими драма од режисерот Бред Фурман во која улогите ги толкуваат Брајан Кранстон, Дијана Кругер, Бенџамин Брат и Ејми Риан.

Сценариото за филмот е на Елен Браун Фурман, а базиран е на автобиографијата на Роберт Мазура, американски федерален агент, кој помогнал во рушењето на царството на Пабло Ескобар.

Мазура на крајот од 80-тите години на минатиот век се инфилтрирал во криминалната група, користејќи го псевдонимот Боб Муслера. Снимањето на филмот чинело 47 милиони долари, а премиерата е закажана за 13-ти јули.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.