Taтко од Битола полово се замозадоволувал пред својот 10-годишен син и го терал да го прави истото

54-годишник од Битола полово се замозадоволувал, пуштал порнографски содржини пред својот малолетен син и го терал истото да го прави. – Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавното Обвинителство и додаваат: – Осомничениот 54-годишник, подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред неговиот 10-годишен син, при што го наведувал и детето да гледа и да се самозадоволува. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.