Во организација на управните одбори на Регионалните комори oд Битола и Прилеп, утре (16.04. четврток) со почеток во 12:00 часот, во Хотел Винарија „Лозар“ во Битола ќе се одржи заеднички состанок посветен на инфраструктурниот и економскиот развој на Пелагонискиот регион, на кој покрај претставници од коморите ќе бидат присутни заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик министерот во Министерството за економија и труд, Марјан Ристески и Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
Фокусот на состанокот ќе биде ставен на моменталните текови во реализацијата на инфраструктурните проекти во регионот, како и на потребата од забрзување на нивната динамика со цел поттикнување на локалниот економски развој.
На средбата се очекува размена на информации и ставови помеѓу претставници на институциите и бизнис заедницата, при што ќе се дискутираат актуелните предизвици, но и можностите за поефикасна реализација на проектите. Посебен акцент ќе биде ставен на зајакнување на меѓусебната соработка, како клучен предуслов за одржлив развој на регионот.
Организаторите очекуваат конструктивна дискусија и конкретни предлози кои ќе придонесат кон унапредување на заедничките развојни приоритети во Пелагонија.
























