– Шефицата на Канцеларијата на Еропската унија во Приштина Наталија Апостолова најави дека Косово може да очекува помош од Брисел за справување со епидемијата на Ковид-19 во висина од 160 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. За потсетување, Владата на Спасовски т.е. Македонија доби 66 милиони евра од ЕУ за справување со короанвирусот.
Во објава на Твитер по денешните разговори со косовската министерка за економија Розета Хајдари и министерот за финансии Бесник Бислими, Апостолова најави дека помошта може да се реализира во наредните два до шест месеци.
– Разговарав денеска со министрите Розета Хајдари и Бесник Бислими за натамошната поддршка од ЕУ за Косово за справување со Корона-19. До 160 милиони евра можат да бидат достапни за Косово од ЕУ во наредните два до шест месеци преку макро-финансиска поддршка, поддршка на буџетот и ИПА-грантови за поддршка на приватниот сектор, земјоделството и олеснувањето на немаштијата, напиша Апостолова.