Tелото му е колку дланка и прави огромна бука: Момче здогледало џиновски пајак кој се обидува да влезе кај него во дневна (ФОТО)

Поголемиот број од луѓето има страв од пајаци, па дури и оние најмалите. Меѓутоа прашање е како би реагирале доколку пред очи ви се појави вакво нешто.

На Редит се појави фотографија од Австралија, на која се гледа огромен пајак.

Сликата ја поставил „Pomohomo82“, кој покрај фотографијата ставил напис: Добар ден другари ајде да бидеме пријатели.

Потоа додал: Ова големо момче скокна на прозорот на мојата дневна соба. Направи голема бука и ме исплаши и мене и мачката.

Откако некој го прашал колку е пајакот уствари страшен, тој одговорил: Неговото тело е колку мојата дланка, но и понатаму има простор да порасне.

Истакнал дека нема намера да се реши од него, туку дека пајакот ќе може да живее среќно во неговиот со големо дрво, каде ќе јаде други инсекти.