Играчите се жалат: “Невозможно е да се следи Роналдо, ние си одиме тој уште тренира” (ВИДЕО)

Роналдо неодамна го засили италијанскиот шампион и после долги години го напушти кралскиот клуб за 100 милиони евра.

Неговиот соиграч Даглас Коста открива дека е невозможно да се следи Роналдо на тренинг.

Португалецот е познато како играч кој 100% е посветен на својата кариера, поради што денеска е еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Покрај играчите од Реал Мадрид, докази пристигнуваат и од Италија, каде Далгас Коста открива каков работник е Роналдо.

“Невозможно е да го следите Кристијано на тренинг. Кога ќе стигнеме, тој веќе тренира, а кога си одиме, тој уште тренира. Никогаш не сум го видел ова”, вели Коста.

Роналдо својот прв настап во дресот на “старата дама”  ќе го запише на 18 август, кога торинскиот гигант му гостува на Киево во првото коло од Сериа А.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.