Oд Охрид до Св. Наум, преку Струга пак назад до Охрид: Малиот херој на Богородица ќе плива за децата со ретки болecти

Maрко Пејчиновски, малиот херој од Охрид, кој минатата година го преплива Охридското Езеро, оваа година се подготвува за нов голем подвиг.

На својата Фејсбук фан страна Марко најави дека на големиот христијански празник, Голема Богородица, ќе плива од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Марко ќе плива за децата со ретки болести. Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

“Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!

П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт”, напиша Марко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.