Maкедонија 15-та на листата на најмизерни земји во светот: Во друштво сме на Хондурас, Никарагва и Нигерија

Некои луѓе веруваат дека среќата доаѓа одвнатре. Во светот на економијата, сепак, среќата може да биде повеќе поврзана со квантитативните фактори како што се инфлацијата, стапките на заеми, нивоата на вработеност и растот на бруто домашниот производ (БДП).

Оваа недела во графиконот се користат податоци од Стив Ханке од Институтот Като, при што е прикажана визуелизација на Индекс на мизерија за 2019 година. Во истражувањето се опфатени 95 земји, кои ги известуваат овие податоци на конзистентна основа – пишуваат од “Visual Capitalist”

Индексот користи четири клучни економски варијабли за да ги рангира земјите, a тоа се инфлацијата, стапката на заеми, стапката на невработеност и растот на бруто домашниот производ.

Според истражувањето нашата земја се нашла на 15-то место, а помизерни од нас се само: Венецуела, Аргентина, Иран, Бразил, Турција, Нигерија, Јужна Африка, Босна и Херцеговина, Египет, Украина, Никарагва, Јордан, Уругвај и Хондурас.

Ранг листата погледнете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.