Maтурските прослави во полн ек – Матурантите од “Oрде Чопела” највесели (ВИДЕО)

Деновиве матурантите го кренаа Прилеп на нозе. Тамбураши, оро и песна се слушаат од сите страни, а највесели беа матурантите пред интернатот  “Oрде Чопела”.

Матурантите кои беа сместени во овој дом, приредија забава за паметење за сите вработени, а со нив се забавуваа и прилепчани кои живеат во овој дел од градот.

Ова е период кој е клучен во животот, период кога се избира следното скалило во животот, период кој одлучува за целата иднина на овие млади луѓе.

За матурантите од  “Орде Чопела” секоја чест, а на сите матуранти им честитаме и им посакуваме да одберат најдобро при изборот на високото образование.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.