Крштевките нема да поминат без оваа песна – Елена Велевска има нова песна (ВИДЕО)

Фолк-поп пејачката Елена Велевска деновииве повторно е актуелна со нова песна која е наменска.
По песните без кои не поминува семејна веселба, овој пат Велевска испеа песна која е наменета за крштевка. Музиката и аранжманот се на Дејан Момировски, а текстот го напиша самата таа.

-Од кога ги испеав песните “Куме заиграј” и “Невеста” публиката инсистираше да направам песна која ќе е посветена за крштевка, често знаат да ми кажат уште ваква песна ти фали, седнав го напишав текстот и останатото му го препуштив на Момировски. Јас сум задоволна од реакциите на оние кои ја слушнале, кај мене е актуелна телевизиската промоција, а деновиве ќе имам можност и во живо да ја изведам. Се надевам дека успехот на оваа песна ќе биде како предходните наменски и публиката ќе ги прифати – ни изјави Велевска.

Покрај оваа песна Велевска паралелно работеше и на друга песна за која и сними видео спот кој се очекува да се промовира деновиве.

-Во моментов видео записот е во завршна фаза, се монтира и тоа е следен подарок за мојата публика.
За видео записот е задолжен исклучиво талентираниот Даниел Јовевски, а видео спотот се снимаше во Охрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.