Mожно е и тоа: Седумдневен бесплатен одмор во Италија, со еден услов

Педесет бесплатни еднонеделни престои за посетителите во Филињано во италијанскиот регион Молисе, се дел од иницијативата за заживување на туризмот, сектор кој е погоден од пандемиjaта на кopoнавиpyc.

Проектот беше инициран од општината со околу 600 жители во соработка со хотелот „Ле Гинестре“, кој обезбеди бесплатни седумдневни престои во периодот од 17 јули до 25 септември.

Од суштинско значење е туристите заинтересирани да учествуваат во проектот да не живеат во регионот Молизе или да немаат роднини во областа, што е еден начин да се поттикне туризмот и да се промовираат знаменитости во областа.

Молизе се наоѓа на два часа од Рим, а овој регион успеа да го задржи бројот на заразени на ниско ниво во однос на остатокот од земјата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.