Koнституиран Совет на млади во Oпштина Прилеп: Младите добија свое репрезентативно тело

1

“Денес се одржа конститутивната седница на Советот на млади при Општина Прилеп. Советот брои вкупно девет членови. Членовите беа избрани по пат на јавен оглас и од страна на Комисијата за општествени дејности и правата на децата која што функционира во склоп на Советот на општина Прилеп. Заедничко за сите членови во советот е тоа што позади себе имаме големо искуство во невладиниот сектор и работата со млади. Од денес младите наши сограѓани имаат свој партнер, тоа е Советот на млади при Општина Прилеп. Од денес ќе бидеме во функција на младите, тука сме да ги сослушаме нивните потреби, идеи и заедно да реализираме активности во насока на подобар живот на младиот човек затоа што единствено преку соработка и комуникација помеѓу младите можеме да градиме здраво општество”, истакна Претседателот на новоконституираното тело Александар Савески.

untitled

“Покрај тоа ќе работиме на промоција на културните вредности, здравите животни навики, афирмација на спортот, хуманоста помеѓу младите, дружење, соработка со локалните средношколски, студентски, младински организации, ќе се фокусираме на соработка со Советите на млади од другите општини во Република Македонија, ќе ставиме во иднина акцент и на меѓународната соработка односно соработката со младински организации од други држави.

Благодарност до Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески, претседателот на Совет на Општина Прилеп г-дин Никола Димески и Комисијата за општествеии дејности и правата на децата за нивниот придонес во формирањето на Советот на млади и во иднина се надеваме на конструктивна соработка и поддршка при реализација на нашите цели”, додаде Савески.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.