Kaтacтpoфален пopaз за 3aeв: Медиумите во регионот пишyваат за ocтавката, Бугарија жали

Заев буквално изби на сите насловни страници на албанските, бугарските, српските медиуми денес.

И регионот вчера и денеска континуирано ја пренесуваат оставката на премиерот на македонската влада Зоран Заев.

Заев буквално изби на сите насловни страници на албанските, бугарските, српските, хрватските медиуми денес.

Албанските медиуми, кои во континуитет информираа за изборната кампања и првиот и вториот круг од локалните избори, посебен акцент денеска ставаат на оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Најчесто насловите на информациите се „По поразот на локалните избори Заев поднесе оставка од премиер и лидер на СДСМ“, „Катастрофален пораз на локалните избори, Заев поднесе оставка“, „По оставката на Заев паѓа целата влада“…

Сите без исклучок пренесуваат и делови од неговото обраќање со констатација дека негова најголем заслуга е влезот на земјата во НАТО, но оти ја напушта функцијата не успевајќи да ја постигне и неговата главна цел, почеток на преговори со ЕУ.

Под наслов „Ги изгуби локалните избори-Заев поднесе оставка“ агенцијата Балкан веб наведува дека тој останува до формирање нова влада и потсетува дека „неговата оставка била очекувана бидејќи најавил дека се повлекува доколку неговата партија го загуби Скопје“.

Ора њуз освен веста за оставката, пренесува и информацијата под наслов „Со оставката на Заев паѓа целата Влада“.

-Синоќешната оставка на премиерот Зоран Заев всушност подразбира оставка на целата влада. Според челн 93 од Уставот, сега Заев треба писмено да го информира шефот на државата, по што следува постапката за избор на нова влада, наведува Ора њуз.

Слични по текст информации пренесуваат и другите медуми во регионот, при што дел од нив ставаат акцент на изјавата на Заев, дека „нема потреба од предверемени парламентарни избори“.

Српскиот портал „Правда“ пишува: „Заев не е повеќе премиер на Македонија: Од политиката не е воопшто тешко да се замине“,

Српскиот „Денес“, пишува дека: „Северна Македонија и политика: Заев поднесе оставка на местото на премиер и претседател на СДСМ по поразот на локалните избори“.

Црногорскиот портал Вијести Онлајн пишува дека: „Оставка на Заев: Што се случило на локалните избори во Северна Македонија“.

Хрватскиот портал Индекс пишува дека „Премиерот на Македонија си поднесе оставка“.

Алџезеира пак пишува дека „Заев си поднел оставка како премиер и претседател на СДСМ“.

Софиското издание „Дневник“, по информацијата дека Зоран Заев поднел оставка од премиерската функција, наведува цитат од Заев од пред неколку дена, според кој, зад победата на ВМРО-ДПМНЕ стојат надворешни сили.

Изданието „24 часа“ објавува дека Данела Арсовска, која е прогласена за „Бугарка“, станала градоначалник на Скопје, а премиерот Зоран Заев поднел оставка.

БНТ објавува дека од половината преброени гласачки ливчиња од ДИК во Македонија, се утврдило дека кандидатите за градоначалници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат огромна предност пред тие од владејачката СДСМ на премиерот Зоран Заев, како и оти партијата на Али Ахмети го изгуби Тетово и Гостивар.

На истата тема пишуваат и весникот „СЕГА“, информирајќи кусо за оставката на Заев, а националното радио БНР исто така информира за вториот круг од локалните избори во државава, што завршија синоќа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.