Kaпитални историски инвестиции во здравствените установи во Прилеп (ВИДЕО/ГАЛЕРИЈА)

BeFunky Collage

Во изминативе неколку години се направија капитални и историски инвестиции во здравствените установи во Прилеп. Во тек е комплетна реконструкција на општата болница „Борка Талески“, инвестиција вредна над 70 милиони денари.

Ова е прво реновирање на градската болница од нејзината изградба во 1980 година. Досега се реконструирани повеќе одделенија како и дел од операционите сали во болницата, а реконструкцијата продолжува и понатаму со несмалено темпо.

Исто така за потребите на граѓаните набавена е и медицинска опрема во износ од околу 11 милиони денари. Набавени се повеќе медицински апарати кои значително го подобрија квалитетот на здравствените услуги како што се : мамограф, ехо доплер апарати, оперативен стол со сателит светло, пациент монитори, апарати за анестезија, и уште многу други современи медицински апарати и помагала. Се воведе гастроскопија, се реконструираше големата сала во болничката лабораторија и се постави нов покрив над делот со амбуланти. Исто така се воведе ФАКО операција во Офталмолошкото одделение.

Освен набавувањето на нова современа опрема болницата работи и на подобрување на кадровскиот потенцијал. Досега се вработени нови 12 лекари, од кои 6 треба да започнат со специјализација. Претходно веќе 18 лекари се започнати со специјализација, од кои 3 во Белград. Исто така бројни инвестиции се направени и во Здравствениот дом ( Уредот ) во Прилеп, каде само во периодот од 2013 до 2017 година се вложени околу 520.000 евра.

Објектот доби нова енергетски ефикасна фасада, комплетно се промени надворешната дограма, се реконструираа санитарните јазли, се постави лифт, се набавија нови возила, одделенијата се опремија со нов мебел. Се реконструираше детското одделение, логопетската амбуланта, се отворија нови лаборатории во неколку населени места, се набавија нови лабораториски апарати, а се отвори и пункт во Кривогаштани кој работи од 20 часот до 7 часот другиот ден.

Ова се само дел од огромниот број инвестиции кои комплетно го променија ликот на оваа здравствена установа, која доби современ и европски изглед. Бројни инвестиции се реализираа и во Центарот за јавно здравје во Прилеп, каде само во периодот од 2013 до 2017 година инвестирани се околу 225.000 евра.

Набавени со голем број на современи медицински апарати, реновирани се лабораториите, набавен е нов мебел, комјутери, се реновираше фасадата и кровот на објектот, а исто така комплетно се промени и електричната инсталација. И ова се само мал дел од инвестициите кои се случија во оваа установа.

Квалитетот на здравствените услуги во Прилеп значително се подобри, а за тоа секако најголеми заслуги има локалната самоуправа, и нејзините големи залагања и соработка со здравствените институции, Министерството за здравство и Владата на РМ. Овие капитални и историски инвестиции во Прилеп ќе продолжат и во иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.