Kaко изгледаше нападот на Америка, Велика Британија и Франција врз сириската престолнина (ФОТО+ВИДЕО)

Вооружените сили на сојузниците САД, Велика Британија и Франција вечерва извршија три серии напади врз цели во околината на Дамаск.

Според Пентагон се работи за еднократни напади кои имаат за цел да испратат порака до Башар ал Асад да прекине со наводното користење на хемиско оружје.

Сириската армија извести на социјалните мрежи дека само две ракети ја погодиле целта, а останатите биле уништетни после истрелувањето.

Нападите следеа откако доцна синоќа американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на вооружените сили да изведат “прецизни напади” координирани и комбинирани со нивните сојузници.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.