Новата лимузина на Трамп отпорна на секаков напад: Погледнете што се содржи (видео)

Претседателот на САД Доналд Трап наскоро ќе вози ново возило од новата генерација кое чини 16 милиони долари.

Прототип на овој специјално направен „кадилак“ е забележан на јавните патишта во пробно возење, замотан и камуфлиран со црно- бел дезен.

– Ја исполнивме задачата, а сега може да го предадеме автомобилот на сопственикот, а јавноста ќе има прилика да го види ова лето- рекол претседателот на фирмата за автомобили.

Деталите засега се чуваат во тајност, но некои извештаи наведуваат дека повеќе наликува на оклопно возило отколку на автомобил.Ќе биде отпорно на напади со балистичко, експлозивно и хемиско оружје.

Се наведува дека ќе биде опремен со најнапредната технологија за комуникација, медицински залихи и наводно залихи на крв од крвната група на Трамп.

Кадилак ги изработува сите претседателски лимузини од 1993 па навака.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.