Kaзнети 100 возачи за бpзо возење на територијата на СВР Битола, вкупно во целата држава дури 788 биле caнкциониpaни

Вчера (03.05.2021) полициски службеници од СВР Битола спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи.

Од нив, 42 возеле побрзо од пропишаното надвор од населено место, а 58 во населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 788 возачи.

Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – информираат од МВР.








Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.