Kомпанија за РЕСПЕКТ! “Комфи Ангел” им се заблагодари на вработените кои го гаснеа пожарот кај манастирот Трескавец

20729568_1429914353765968_1726556250301703019_n

Компанијата “Комфи Ангел” од Прилеп важи за една од компаниите кои знаат што значи општествена одговорност, па така и за време на огнената стихија која деновиве се закануваше да го проголта манастирот Трескавец, поголем број вработени од оваа компанија се приклучија кон гаснење на пожарот и спречување огнените јазици да му наштетат на вековното светилиште на прилепчани.

Генералниот менаџер на компанијата Ирена Јакимоска лично им се заблагодари на вработените кои несебично се вложија и се бореа со огнот кај Трескавец.

20799941_1429914347099302_1041696271040845559_n

Во “Комфи Ангел” повеќе од една година еднаш месечно се одржува лотарија, преку која се наградува по еден работник со значителна сума на пари, па така компанијата упати честитки до Стоисавлевиќ Слободан кој е новиот добитник на наградната лотарија за овој месец.

20729521_1429914343765969_8917420292638060044_n

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.