Jувентус го направи Арон Ремзи најплатен британски фудбалер

За неделна плата од околу 450.000 евра, Арон Ремзи денеска потпишал пред-договор со Јувентус и ќе го зајакне клубот со слободен трансфер во текот на летото, што ќе биде рекорд за британски фудбалер.

Тој кај „Старата дама“ ќе биде четири години. Голем број клубови се заинтересираа за 28-годишниот играч од средниот ред откако стана јасно дека „топџиите” нема да го задржат. Сепак, Ремзи одлучи да стане соиграч на Кристијано Роналдо.

Уште во јануари, репрезентативецот на Велс ги поминал лекарските прегледи, за што инсистирале „бјанконерите”. Ремзи е дете на Кардиф Сити, а во Арсенал премина во 2008 година.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.