Hoв дap за љyбителите на пoeзиjaта: Пoeтecaта Андриана Pистеска од Прилеп ја издаде збиpката “Очи полни сончевина”

Потесесата Андриана Ристеска на мераклиите на поезијата им понуди нов дар. Ја објави збирката поезија “Очи полни сончевина” со 45 песни, со силни, супериорни стихови кои предивикуваат пријатно треперење на душата на читателите.

Тоа што поетот може да го стори со својата поезија, ни мајстор не може да го исткае на машина. Рецензентот Гордана Петров Такец забележува дека Ристеска е вечен и неуморен воин во потрага по вечна љубов како симбол за припаѓање, заедништво и компактна целина на еден дом, на едно семејство, на едно општество.

-Стиховите се за секое време, секогаш актуелни, безвременски и се читаат вечно. Тие се жива материја која постојано се раѓа и се обновува стремејќи се кон опстојување, напредок, растеж и повозвишена, поскапоцена и поимпресивна убавина… Зрелоста знае смело и гордо да ја отвори вратата на новиот ден, на изгрејсонцето, на светлината, да ги прифати со двете раце убавините на животот и да ги подари на душата на читателот. Збирката внесува свежина низ силен фонд на изрази – посочува Такец.

“…Сета надеж што ја имав, ја пуштив високо да полета,
А оттаму илјадници птици ми долетаа, волшебна песна
нашироко се разлеа, до мене стигна, срцето ми го распеа.”

Ова се стихови од насловната песна на најановата збирка на Ристеска. Таа е автор на повеќепати наградуваната збирка “Цвет во аманет”, голем број на песни се објавени во заеднички домашни и странски антологии. Нејзината поезија е одлично прифатена од читателите, но и од добрит5е познавачи на поезијата, така што скоро и да нема конкурс или манифестација на која авторката учествувала, а да не се закити со највисоки награди и признанија.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.