Излезе новата песна и спот за песната “Стара трибина” на Дејви и Рибио. Песната е приказна за старата трибина на градскиот стадион “Гоце Делчев” и е отсликување на долгата навивачка традиција, култура и љубов кон спортот во Прилеп. Старата трибина или големата трибина на градски буди спомени и емоции за едно време кога буката на “Гоце Делчев” го креваше цел Прилеп на нозе.
“Веќе доста време бевме сокриени под старата трибина, доволно долго молчевме за ситуацијата во која се наоѓа прилепскиот стадион.
Време е да излезе целата приказна и емоција на површина. Пред се не сме луѓе кои напаѓаат една, а бранат друга партија, сите сте виновни за тоа, тоа го знаете и самите.
Со овој видео запис и песна сакаме да допреме до срцето на секој граѓанин како на Прилеп така и на цела Македонија, сакаме сите да сфатат што уствари значи стадионот за градот под Марковите кули.
Веќе сме изморени да гледаме како поради сопствени цели се уништува тоа за кое живееме, тоа за кое сме створени, единственото нешто кое не прави целосни. Факт е дека денес во Прилеп секое трето дете е фан на Победа…жално, за разлика од времето кога стадионот дишеше и децата како мали мајмунчиња се јазеа и шверцуваа по трибините на стадионот, што доаѓа до заклучок дека секое дете живееше за Победа и за моментот кога ќе застане рамо до рамо со прилепските Мајмуни.
ПРИЛЕП САКА СТАДИОТ, Прилеп живее за фудбалот и за трибините! Нека ова допре до срцата на секој човек што вистински го сака спортот во херојски Прилеп.
Со чест ви го представуваме новиот видео запис на прилепските Мајмуни во изведба на Рибио и Дејви, а под режисерската палка за видео записот стои добро познатиот Христијан Конески, додека зад музичката продукција стои R-Studio на Рубин Димкоски. Нека кончено падне таа црна прашина и зракот нека изгрее во име на вистината ПРИЛЕП САКА СТАДИОН!!” – ја опишаа својата порака во песната изведувачите.
Уживајте:
На крајот ве потсетуваме на ланската песна насловенa како “Бакли”, која исто така ја отсликува долгата традиција на ултрас културата во градот под Марковите Кули.