Во какво општество живееме?! Девојка ја претепале нејзини другарки во дискотека во Скопје

19-годишно девојче од Скопје пријавило во полиција дека вчера била истепана од нејзини другарки. А.К. го пријавила случајот во полиција во 17.30 часот.

Според неа истиот ден околу 03,00 часот на улицата “Димитрија Чуповски“ во ноќен клуб била физички нападната од страна на К.М. и неколку нејзини другарки.

Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.