Eден од водечките светски научници: Лекот за рак е во нас, само треба да го насочиме телото да го убие карциномот!

 Ракот како болест е една од најопасните болести на денешницата, а иако за оваа болест сеуште нема сигурен лек, научниците секој ден се се поблиску до откривање на истиот.

doktor-Rosenberg

Овој факт го потврди и докторот Steven Rosenberg од Националниот Институт за болести од рак од Bethesda во Мaryland. Овој угледен доктор напоменува дека се наоѓаме на чекор до откривање на вистинската и точна терапија за лечење на оваа тешка болест.

Rosenberg е еден од водечките доктори кој се занимава со имунотерапија. Тврди дека наместо да бараме надворешни фактори со кои би се бореле против оваа болест, мораме да го насочиме телото во кое освен болеста, се наоѓа и лекот.

“Наместо да се препуштаме на хемотерапија, радиација и операција за отстранување на тумурот, имунотерапијата го поттикнува телото само да се бори против опасната болест, ракот”, напоменува Др. Rosenberg.

Поминаа 40 години од кога Др. Rosenberg го создаде лекот Interleukin-2, прва во светот делотворна техника за имунотерапија.

“Целиот овој напредок не значи дека имаме лек, но успеавме да докажеме дека имунотерапијата е оружје кое се покажа како најуспешно во борбата против ракот”, вели Др. Rosenberg и додава дека лечењето со имунотерапија за сега покажало успешно кај лечењето на болести на крвта, повеќе отколку кај останатите, цврсти облици на тумор.

“Се додека на заболените им го дадеме вистинскиот лек кој ќе ги излечи од болеста, до тогаш имаме уште многу работа”, додава Rosenberg за Bloomberg.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.