Bpие oд полициja во центapoт на Скопje, ce пocтапyва по пpиjaва за поставен екcплозив, евакyиpaни зградите на МНТ, А1, МНР…

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина, вечерва се евакуирани. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Испразнети се и зградите на А1, на МНР и соседните објекти во центарот на Скопје.

Полицијата не дозволува движење на луѓе и возила кон Мавровка, МНТ и МРТ, а блокирани се и околните улици и крстосници. Забележливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Oд МВР излегоа со кратко соопштение во кое велат:

-Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно.

Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации.

Новинарот Фуркан Салиу информира дека евакуирана била и црквата Св. Богородица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.