Bo oвиe чeтиpи xopocкопcки знaци ce paѓaaт нajдобpите шeфoви: Пpoвepeте дaли e тaкa

Некои од нас добро се согласуваат со шефот на работа, некои не. Poдените во овие четиpи xopocкопски знаци имаат предиспозиции да бидат одлични шефови, лидери и организатори.

Риби

Доколку вашиот шеф е роден во знакот Риби, може да се опуштите. Сепак, не доцнете на работа бидејќи ова е единствената работа со која ќе го изнервирате вашиот шеф. Доколку задоцните поради оправдани причини, останете малку подолго на работа. Најдете нешто за кое сте подеднакво заинтересирани бидејќи во овој однос е најважна довербата.

Рак

Доколку имате шеф Рак, треба да знаете дека тој поднесува изговори. Го интересира што правите пред и после работа, но кога сте на работното место сака да се фокусирате на работата. Тој се грижи за вашиот приватен живот.

Ако не ја завршите работата, можно е тој да ја заврши наместо вас. Очекувајте голема помош. Често го менуваат мислењето па бидете јасни, конкретни и одговорни. Со ваков лидер ќе напредувате многу лесно, но не правете се дека сте попаметни од него бидејќи тоа го нервира.

Лав

Можеби најстрогите меѓу добрите шефови. Лавовите се родени лидери, но исто така се перфекционисти. Сакаат точност и посветеност, ќе ве научат на сѐ што знаат, ќе инвестираат време, нерви и пари во вас и очекуваат големи резултати.

Лавовите ги ценат амбициозните луѓе, но сметаат дека мора да имате позадина ако побарате покачување или унапредување. Сакаат да воспостават пријателски однос со вработените, но нема да ве остават да заборавите кој е шефот.

Близнаци

Доколку вашиот шеф е Близнак тој е љубезен и ги толерира вашите грешки, но ве набљудува што правите и забележува сè. Шефот роден во овој хороскопски знак се грижи за колегијалноста, не е строг и неговото мото е дека сè може да се заврши ако се сака.

Тој не сака многу да работи, а сака да се дружи па тоа му е најголемата мотивација. Сака промени бидејќи смета дека тоа е клучот за успех.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.