BMPO-ДПMHE: Co новиот данок кој го предлага Bладата, дизелот ќе пocкапи за нови 4 денapи

Со ребалансот на буџетот, Владата предводена од Зоран Заев, предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литар. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев планира од ваквата мерка за половина година да собере скоро 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година. Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев. 4 години со Заев, 4 години беспарица, 4 години украден живот. Доста е, велат од партијата.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.