дома блог страница 95

Само во Витлеем и во Крушево: По 13. пат утре ќе се одржи верската поворка “Дева”

По 13. пат на плоштадот “Никола Мартиноски” во Крушево, утре (05.01.) во пресрет на големиот празник Божик, ќе се одржи традиционалната манифестација „Дева“ – кој освен во Крушево, се одржува уште само во Витлеем во Израел.

Што е Дева?

Накратко, Дева е празник кој го слави појавувањето на ѕвездата која го најавува Христовотo раѓање.

Како се чествува?

Машки деца или возрасни мажи ги посетуваат домовите на Крушевчани држејќи во раката шестокрака ѕвезда и пеејќи песна со која го најавуаат Христовото раѓање. Домаќините за тоа ги даруваат со муштулук.

Настанот утре во Крушево ќе се одржи во 17:00 часот на Градскиот плоштад „Никола Мартиновски“, во празнична атмосфера, со посна трпеза и топли напитоци.

Во рамки на манифестацијата ќе се организира и собирање на доброволни средства за првото новородено дете.

Да ја споделиме заедно радоста и да ја одбележиме традицијата што го најавува Христовото раѓање.

Биби и Боби донесоа огромна детска радост во Крушево – градот не памети досега толку многу насмеани и среќни мали лица на едно место (ФОТО/ВИДЕО)

Ден исполнет со детска смеа, радост и многу насмевки во Крушево. Биби и Боби донесоа одлична атмосфера и убави моменти за огромен број дечиња.

Толку многу среќни лица на едно место, а благодарение на “Крушевската зимска бајка” која го препороди највисокиот град на Балканот за овие празнични денови.

Тутунот се откупува по највисока цена до сега и затоа сите се задоволни, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања денеска, се осврна на темата со откупот на тутунот.

Тој посочи дека откупната цена е до сега највисока и затоа и откупувачите и тутунарите се задоволни.

-Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу 7 евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку напротив задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата тогаш доаѓаме до некои 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би рекол исклучително квалитетен бизнис. На 24 милиони килограми, кога ќе ставиме 500 денари, добиваме околу 12 милијарди денари, околу 200 милиони евра ќе завршат кај тутунопроизводителите. И тоа е добро. Порано се откупуваа по 15-16 милиони килограми по цена од 120-130 денари, а денес е тоа 23-24 милиони килограми по цена од 420 денари по килограм, со субвенција 500. Навистина добра работа се прав, изјави Мицкоски.

Живее во Шведска , но хуманото срце живее и работи да помага за Македонија (ФОТО)

Иако животот ја однел далеку од родниот крај, срцето секогаш ја враќа таму каде што започнала нејзината приказна. Од Шведска, но со длабоко вкоренета љубов кон Македонија. Една идеја прерасна во мисија што повеќе од една деценија менува човечки животи.

Хуманоста не познава граници – таа се мери со делата, со подадената рака тогаш кога е најпотребна и со вербата дека секое дете заслужува шанса за подобра иднина. Водени од таа мисла, Марија Розенгрен, битолчанка по потекло, и нејзиниот сопруг Томас Розенгрен од Шведска, ја основаа хуманитарната организација „Hand Till Hand“, која од 2013 година наваму е силен и посветен партнер на образованието и здравството во Македонија.

Од првиот училишен оброк, до современа медицинска опрема и целосно реновирани простории во болници и образовни институции, „Hand Till Hand“ остави трага што се чувствува – во училниците, во болничките ходници и, најважно, во животите на луѓето.

Хуманитарната организација „Hand Till Hand“ ја започна својата работа во Македонија есента 2013 година, а досега имаат реализирано бројни хумани мисии:

Активностите добија конкретна форма на 27 јануари 2014 година, кога започна обезбедување на училишни оброци за учениците во Основното училиште „Горѓи Сугарев“ во Битола. Проектот „Да му се даде шанса на едно дете“ ја комбинираше грижата за исхраната со едукативна работа за хигиена, правилна исхрана и подобри услови за учење, со цел подобрување на училишниот успех на децата.

Во првата година беа обезбедени 72.367 училишни оброци, а во наредните четири години околу 100.000 училишни оброци годишно.

Паралелно со ова “Hand Till Hand ” реализираше бројни образовни активности, обезбедувајќи поддршка за ученици кои имаа потешкотии во следењето на наставата преку дополнителни часови и засилена педагошка помош. Организацијата инвестираше и во подобрување на училишната инфраструктура и опрема преку донации на компјутери, паметни табли, телевизори, книги и друг наставен материјал, како и зимска облека за деца од социјално загрозени семејства.

Во 2014 година беа адаптирани простории за деца со посебни образовни потреби во ОУ „Горѓи Сугарев“ во Битола, вклучувајќи пристапни тоалети, подобрено греење и ново осветлување во спортската сала. Во истиот период, училиштето доби и значајна донација на училишен материјал од училишта од општините Лунд и Лома, Шведска. Во 2015 година започна училишна размена меѓу училишта од Битола и училишта од овие шведски општини, која опфати размена на наставници и заеднички ученички проекти.

Од 2016 година, активностите на Hand Till Hand се проширија и во здравствениот сектор. Првата поголема донација беше реализирана во Клиничката болница во Битола, по што следуваа донации за болницата во Штип. Во наредните години беа спроведени континуирани донации на медицинска опрема, болнички кревети, помагала, постелнина и работна облека за болници и здравствени домови во Битола, Штип, Делчево, Кочани, Каменица, Ресен, Прилеп, Струга и Охрид, како и за домови за стари лица.

Покрај тоа “Hand Till Hand” реализираше обемни реновирања во ученичкиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, каде што беа целосно обновени кујната и пералницата според ЕУ стандарди, беше инсталирана ладилна комора и беа уредени спалните простории со нови кревети, врати и безбедносни елементи. Со поддршка на организацијата беа воспоставени и сензорни простории за ученици со посебни потреби.

Во 2019 година започна соработка со Кралскиот технолошки институт (KTH) од Стокхолм преку изработка на првични студии за Клиничката болница во Битола, која продолжи и во 2023 година преку дипломски трудови на студенти од KTH.

Во 2025 година беа реализирани нови значајни проекти во здравствениот сектор. На гинеколошкото одделение во Битолската болница беа целосно реновирани санитарните простории, инсталирана топлинска пумпа и обезбедена нова ултразвучна апаратура. Истата година беше донирана медицинска опрема за детската ортопедија во Прилеп, како и стоматолошка опрема за четири училишта.

Hand Till Hand планира да продолжи со својата хуманитарна мисија и во иднина. Во текот на наредниот период се планира реализација на нов образовен проект за ученици со изразени потешкотии во концентрацијата, преку уредување на специјално прилагодени училници кои ќе обезбедат мирна, безбедна и поддржувачка средина за учење.

Денеска е Св. великомаченица Анастасија

Денеска е Св. великомаченица Анастасија.

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето.

А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род.

Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака.

Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.

Двајца 17-годишници уапсени во Битола – полицијата им пронајде 48 пакувања со дpoга

-На 03.01.2026 во 20:40 часот во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана.

При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Секој празник е продолжен викенд во 2026 година

На 4 јануари во 1992 година тогашната Владата на Република Македонија донела одлука со која 7 јануари – првиот ден Божиќ, се прогласува за неработен ден.

Ова било првпат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.

Во 2026-та година ќе има вкупно 7 продолжени викенди за сите граѓани, а за граѓаните од православна вероисповед има дополнително уште три, односно вкупно 10.

За сите граѓани неработни се:

1 јануари (четврток) Нова година,

7 јануари (среда) Божиќ според православниот календар,

20 март (петок) Рамазан бајрам,

13 април (понеделник) втор ден Велигден според православниот календар,

1 мај (петок) Ден на трудот,

25 мај (понеделник) како неработен ден поради 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ што паѓа во недела,

3 август (понеделник) како неработен ден поради 2 август Илинден што паѓа во недела,

8 септември (вторник) Ден на независноста,

12 октомври (понеделник) како неработен ден поради 11 октомври што паѓа во недела,

23 октомври (петок) Ден на македонската револуционерна борба и 8 декември (вторник) „Св. Климент Охридски“.

Покрај овие датуми, законот предвидува дополнителни неработни денови за одделни верски заедници и етнички заедници.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 6 јануари (вторник) Бадник, 19 јануари (понеделник) Водици, 10 април (петок) Велики петок, 29 мај (петок) Духовден и 28 август (петок) Голема Богородица.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 6 април (понеделник) втор ден Велигден, 1 ноември (недела) Сите светци и 25 декември (петок) Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е 27 мај (среда) првиот ден на Курбан бајрам.

За припадниците на албанската заедница неработен е 22 ноември (недела) Ден на албанската азбука, за српската 27 јануари (вторник) Св. Сава, за ромската 8 април (среда) Меѓународен ден на Ромите, за влашката 23 мај (сабота) Национален ден на Власите, за еврејската 21 септември (понеделник) Јом Кипур, за бошњачката 28 септември (понеделник) Меѓународен ден на Бошњаците и за турската 21 декември (понеделник) Ден на настава на турски јазик. Овие празници се неработни само за граѓаните на кои им се однесуваат.

5 бебиња од Прилеп на вториот ден од Новата година се родија во Битола (ФОТО)

ВТОРИОТ ДЕН ОД НОВАТА ГОДИНА НИ ДОНЕСЕ 8 НОВОРОДЕНЧИЊА – напишаа од болницата “Плодност” на социјалните мрежи.

-По првиот ден без породувања, вториот ден од 2026 година во Болница Плодност започна со живот. Се родија 8 новороденчиња, од кои 4 машки и 4 женски. Меѓу нив и предвремено родени близнаци од Прилеп, машко и женско, кои се во сигурни раце и под внимателна грижа на нашиот тим.

По градови: 5 од Прилеп, по 1 од Ресен, Битола и Росоман.

Во 2025 година во Болница Плодност се родија 749 бебиња, што е околу 50 помалку од претходната година. Падот на наталитетот и кај нас го следи националниот тренд во Македонија – стои во објавата од “Плодност”.

“Teлефонот ми летна како сув лист, можев да си ги видам само чизмите” – Планинарот од Прилеп кој денеска eдвај спаси жива глава на Пелистер

Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер”, но за среќа подоцна беше утврдено дека е жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле.

Станува збор за професорот по географија, Милан Јаковоски, искусен планинар, кој денеска освен што го чувал Бог, го спасила и неговата физичка подготвеност, но и соодветната опрема која ја носел на себе.

Преку ФБ статус, Јаковоски раскажува со какви екстремни временски прилики се соочил денеска:

“Почитувани пријатели, поради информациите кои се споделуваат денес со мене поврзани со планинарската тура на Пелистер еве неколку информации и од мене.

Турата започна коко секоја зимска тура но во малку полоши и поестремни услови. Група планиниари тргнавме од Инфо центар по патека Широка или изгорениот дом Ловечка. По кратка пауза на Ловечка се упативме кон врвот. На местото Седло временските услови се влошија настана многу густа магла (скоро никаква видливост) и ветер од 120км на час.

Двајцата планинари кои одеа пред мене ги изгубив од видик и пробав сам да продолжам неможеќи да ги најдам маркациите останав околу 15 мин во место и тогаш одлучив телефонски да му се јавам на група планинари кој со ратрак се спуштаја од врвот. При телефонскиот разговор од силниот ветер телефонот ми одлета како лист од рака, се обидов да го стигнам но не успеав. Во тој момент останав без никакова комуникација со останатите, а се одалечив од местото.

По кратко рамислување во многу сурови временски услови решив да се вратам но за жал неможев да видам никаква маркација бидеќи си ги гледав само моите гузерици и ништо подалеку. Знаеќи дека неможам долго да останам на едно место со Господ напред и мала претпоставка на оријентација кај сум почнав да се спуштам со цел да најдам било која патека до долу.

Му благодарам на Господ што ме чуваше и на мојата добра физичка и психичка подготврност но и на соодветната опрема која ја носев безбедно се вратив во село Ниже Поле каде побарав телефон и ги информирав најпрво домашните, а потоа и сите останати дека сум добро. Сакам да се заблагодарам до сите екипи како: Национален Парк Пелистер, Спасувачката служба, останатите институции и пријателите како и човекот во селото од каде телефонирав што напорно во тие 3, 4 часа ме барале и се загрижиле по мојот живот.

Ова е само уште една лекција за мене колку е голема и моќна планината и колку треба да се почитува. Поздрав, до следната слика од планина”.

Чкембари знаат како да шират позитивна енергија – На секое новороденче во Битола му купија дрес од Пелистер (ФОТО)

Навивачката група “Чкембари” започна една интересна акција во Новата година – на секое новородено бебе во Битола му купија фудбалски дрес од Пелистер.

-Во новата 2026 година – започнуваме нова акција, која ќе премине во традиција! Со огромна радост и гордост сакаме да споделиме дека сите новороденчиња на територијата на Битола во 2026 година добија подарок – дрес. Од најмала возраст ја негуваме љубовта, припадноста и зеленo-белата приказна која се пренесува од генерација на генерација. Затоа што не е само дрес – ова е идентитет, традиција и љубов кон Пелистер. Добредојдовте, најмали Пелистерци, Бистра, Петар, Леонид, Лука, Мила, Искра и Николија. Благодарност до Клинички Центар Битола и Болница Плодност за соработката – напишаа на ФБ страната “И моето дете ќе навива за Пелистер”

Ќе признаете, бебенцата изгледаат неодоливо!