Полицијата поднесе кривична пријава против С.П.(59) од кичевско поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Тој, од 2017 до 2022 година, во својство на претседател на здружение за лов и спортско рекреативен риболов ја злоупотребил службената положба и неовластено од службената трансакциска картичка наменета за гориво, наместо во службено возило, точел гориво во приватни автомобили“, објави МВР во дневниот билтен.
Со тоа, на здружението му предизвикал материјална штета од 103.961 денари.
Тука за жал не гледам капацитет во оваа влада на заминување и ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача после следните парламентарни избори убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции треба професионалците во институциите да се остават да работат.
Прво да поздравам што на овој начин дискутираме во рамки на националниот совет и комисијата за европски прашања за жал од рационални причини не бевме во можност пред некаде десеттина дена да го одржиме консултативниот состанок пред да се завршат овие документи како би имале и наш посериозен импут во составувањето на овие документи, но се надевам дека во иднина ќе бидат надминати овие процедурални пречки пред се во делот на одржување на комисии кои што се од затворен карактер се со цел да можеме пооперативно работиме не само да коментираме од како ќе се заврши, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
-Два дела сакам да споменам, прво во однос на планот за раст апсолутно мислам дека е добар механизам кој што ЕУ го предлага за сите земји од Западен Балкан затоа што основните две причини зошто луѓето сакаат од регионот да се зачленат или да се приближат до ЕУ е владеењето на правото и економскиот раст, односно подобриот животен стандард.
И тука мислам дека треба да сме паметни како држава и како општество да ги искористиме овие средства со цел да поттикнеме раст во рамки на државата, мислам дека ова ниво на раст во државата не држи далеку од било што би се нарекло европски стандард, мора да работиме поинтензивно на подобрување на инфраструктурата и патна и железничка, мора да работиме поинтензивно на подобрување на комуникациите на дигитализација, но исто така и на давање на шанса на приватниот сектор ние сме мала држава, извозот мора да е основа на развојот на приватниот сектор без разлика дали се работи на производство или за интелектуални услуги мора да работиме на поттикнување на извозот доколку сакаме да имаме цврсто и стабилно стопанство во Македонија.
Сега сето ова е поврзано со владеењето на правото и за тоа нели има исто така патоказ за реформи туку мислам дека Македонија нема со што да се пофали за жал во државата со години корупцијата цвета економијата тоне тоа е константа која што можеме да ја видиме и јас останувам на она што го зборувам со години го зборувам и во овој период дека основна причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со ЕУ е високото ниво на криминал и корупција.
Односно државата има слабо досие, има досие со кое што не може да се пофали пред голем број земји членки на ЕУ истите не вршат притисок врз Бугарија и Бугарија буквално се изживува врз Македонија наметнувајќи бескрајни услови кои што гледаме дека од ден во ден се зголемуваат зависно од тоа како има политички потреби во Бугарија.
Но тоа го прават така затоа што никој не им врши притисок да не го прават обратното а гледаме дека доколку се направи политички притисок тоа го видовме и на последниот состанок на Европскиот Совет апсолутно можат да се променат овие работи и како што често велам ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и има соодветни механизми со кои што и самата ЕУ но и земјите членки можат да направат притисок врз Бугарија доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори но за жал неколку големи земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори пред се и заради високото ниво на криминал и корупција и немањето на функционален систем на владеење на правото.
Тука за жал не гледам капацитет во оваа влада на заминување и ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача после следните парламентарни избори убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции треба професионалците во институциите да се остават да работат.
10 до 15 проценти во институциите се супер корумпирани останатите се чесни луѓе кои што сакаат да си ја работат работата и доколку им се даде шанса да ја работат својата работа јас сум убеден дека првите резултати ќе се видат за само шест до девет месеци. Ова е нешто со кое што дел од моите политички опоненти знаат и да се потсмеваат но јас сум убеден дека за 6-9 месеци работите можат да се средат или да почнат да се средуваат во Македонија во делот на борба со организираниот криминал и корупција и воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото.
Нема да одземам повеќе време затоа што претпоставувам ќе сакаат повеќе луѓе да се јават, благодарам и продолжуваме со дискусијата, додава Николоски.
Српската полиција денеска уапсила шест лица со обвинение за криминално здружување и перење пари до кој дошле на нелегален начин.
Според информациите најголем дел од овие средства кои изнесувале околу 26 милиони фунти биле од грабежот на легендарниот фудбалер Френк Лампард, поранешниот сопственик на Лестер, Вашаи Шриваданапраб и ќерката на поранешниот сопственик на Ф1, Тамара Еклстон.
Овие пари по разни канали биле пренесени во Србија, каде што со нив биле купувани луксузни недвижности и возила, со цел да ги вметнат во легалниот паричен промет, со цел потоа легално да бидат трошени за други намени.
Жител на пелагониското село Долно Агларци загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Новаци, во правец на РЕК „Битола“ а неговите две малолетни деца се тешко повредни. Во несреќата учествувале уште неколку возила од Битола, Ресен и возило со албански регистарски таблички. Неофицијално причина за тешката сообраќајка е густата магла која вчера ја налегна Пелагонија.
Според официјални информации од СВР Битола несреќата се случила пред 19 часот на регионалниот пат Битола – Маково помеѓу патничко возило марка „сеат”со битолски регистарски ознаки управуван од С.Н. (41) од с. Долно Агларци, Општина Новаци и сопатници во возилото, неговата сопруга М.С.Н. (36) и двете деца на возраст од 6 и 10 години.
Во несреќата учестуваат и патничко возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управуван од Ј.В. (29) од Ресен и двајца сопатници од Ресен, патничко возило марка „рено”со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.О. (48) од Битола и товарно возило марка „даф” со прикачена полуприколка со албански регистарски ознаки управуван од В.К. (38) од Албанија.
„Во несреќата од здобиените повреди возачот С.Н. (41) починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека со тешки телесни повреди се здобиле децата на возраст од 6 и 10 години, уште три лица се се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола“, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола.
Утрово (20.12.2023) околу 01:20часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. “Киро Базерко” било опожарено паркирано патничко возило “мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М. (50) од Прилеп.
Возилото целосно изгорело, а од пожарот била оштетена и фасада на куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ Прилеп, а повредени лица нема – информираат од ОВР Прилеп.
Радоста на креирањето новогодишно пакетче! Слатките елфови со голема љубов, во магична атмосфера, ги полнат кутиите со вашите омилени производи. Откријте што подготвија за вас и вашите сакани. Подарете со љубов, подарете Витаминка новогодишно пакетче.
Прилепчани по 16-ти пат вчера се помолија пред својот заштитник на градот, Св. Никола. Стотици верници запалија свеќи за здравје пред параклисот во центарот на градот, а покрај литија и празничен ручек, манифестацијата оваа година беше збогатена со настап на единствената, Калиопи.
Македонската поп дива ги исполни своите најголеми хитови и ги стопли срцата на сите присутни, особено на најмалите кои заедно со неа пееја и играа на Камената бина.
Дел од вчерашната празнична атмосфера на плоштадот “Александрија” погледнете ТУКА
На 4. декември 2023г. Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” од Битола реализира проект по програмата ОПР финансиран от Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија.
Со проектот “Здраво тело, здрав дух, здрав живот” се опреми фитнес сала во државниот училишен дом “Мирка Гинова”. Целта на проектот е да инвестираме во правилниот раст и развој за одржување на здравјето на сите 300 ученици кои што престојуваат во интернатот, како што и да ги дистанцираме од пороците на 21-от век. На свеченото отварање присуствуваше и Генералниот конзул на Р. Бугарија во Битола, г-н Николај Димитров.
Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” преку програмата ОПР на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија веќе четврта година по ред реализира трајни и одржливи проекти наменети за младите во град Битола.
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО до сите градови и населени места во Републиката и дијаспората!
Ги започнуваме подготовките за БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024. Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја ,,Вечниот Бог” и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање!
Ги замолуваме сите ДОСЕГАШНИ ОРГАНИЗАТОРИ да се вклучат со полна пареа и најголема радост каква што заслужува големиот празник.
Ги замолуваме сите градови и населени места КОИ ДОСЕГА НЕМАЛЕ Бадникови поворки, да ни се придружат во највеличественото празнување на Бадник и Божиќ. Само испратете ни порака на: [email protected] и брзо ќе Ве вклопиме во најрадосната празнична приказна во регионот.
,,Почувствувај радост” е слоганот на БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024, затоа што радост ќе блика во сите облици.
✨ Се поставуваат големи божиќни пештери на плоштадите во сите поголеми градови во Републиката;
✨ Се подготвуваат божиќни концерти и претстави;
✨ Се организираат креативни работилници за секое дете во секоја поворка да има своја ѕвезда;
✨ Се подготвува прием и дарување од Градоначалниците;
✨ Божиќна сликовница;
✨ Божиќни стикери и
уште многу, многу изненадувања кои ќе ги топлат душите и подготвуваат за Божиќ.
Градот под “Марковите Кули” уште еднаш го прослави својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек и музичка програма беше одбележан во центарот на градот.
Домаќини оваа година беше компанијата “Комфи Ангел”, а за в година домаќин ќе биде Oпштина Прилеп.
Одбележувањето на празникот започна со Света божествена литургија во храмот Св. Благовештение, а со истата чиноначалствуваше Владиката Петар, а потоа следуваше Литија во чест на светецот низ улиците на градот.
Традицијата на одбележување на празникот започна пред 16 години, па досега повеќе компании од градот приредија богати посни трпези во центарот на градот, а гости секоја година им се голем број прилепчани и посетители од соседните градови.
Традицијата на празнување во централното градско подрачје ја започна претходниот градоначалник на општината, Марјан Ристески, кој заедно со локалната самоуправа направија бренд од оваа манифестација.
Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест.
Трпезата како и секоја година ја сочинуваа малите поосни сармички, вкусното светиниколско гравче и риба, а посетителите се загреваа со топла ракија, греано вино и чај.
Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.