дома блог страница 86

Еве зошто прилепското борење е на врвот во Македонија – Шест медали и пехар од Државното првенство во Штип (ФОТО)

На Државното првенство У23 во борење, одржано на 08.02.2026 година во Штип, натпреварувачките на Борачкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп остварија одлични резултати.

Прво место освоија:

Викторија Стојаноска – 53 кг
Ангела Трајкоска – 55 кг

Второ место освоија:

Марија Вељаноска – 50 кг Кристина Цветаноска – 55 кг
Деспина Богеска – 57 кг
Оливера Мицеска – 59 кг
Тамара Цветкоска – 68 кг

Со овие резултати, Борачкиот клуб „7 Мај“ беше првопласиран во екипен пласман на првенството У23. Натпреварувањата продолжуваат и оваа сабота со сениорското првенство, каде ги очекува тесна и возбудлива битка за првото место во женска конкуренција.

Владиката Петар ќе чиноначалствува со света литургија во Прилеп за Денот на бакалите

Во четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмoт Св. Благовештение – Стара Црква во Прилеп, ќе се богослужи света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува нашиот високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола.

Нека е за многу години!

Tрагичен ден за Прилеп! Ова никој не го очекуваше

Прилепската фудбалска гордост – ФК Победа, предмалку објави дека поради блокирана сметка и крајно лоша финансиска состојба, клубот не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората фудбалска лига.

Соопштението од клубот во целост го пренесуваме во продолжение:

Почитувани,

Друштво за спортски активности ФУДБАЛСКИ КЛУБ “ПОБЕДА” АД – Прилеп со седиште во Прилеп на ул. „Александар Македонски“ бб со ЕМБС 6588689, ја известуваме фудбалската и спортската јавност:

Да ја појасниме моменталната ситуација во нашиот клуб, во месец април 2025 година дојде до промената на мнозинскиот акционер на нашиот клуб, новиот мнозински акционер, е со став дека не сака да го води клубот, па така на единственото легитимно и легално акционерско собрание не постави лица кои би раководеле со клубот и не назначи извршен директор.

Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, во месец август се бараше заедничко решение со Градоначалникот и Општина Прилеп, па поради краткиот времески период за делување, се донесе привремено решение и се постави одговорно лице со цел клубот да продолжи да функционира до изнајдувањето на долгорочно решение. На советот на општина Прилеп беше изгласана одлука за доделување на еднократна финансиска помош во висина од 1.000.000,00 денари, која не беше исплатена поради распишувањето на локалните избори, истата до денес не е исплатена, што воедно беше и услов за клубот да се натпреварува во сезона 2025/2026 во ВМФЛ.

Во овој момент клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што, ја известуваме јавноста дека, сениорската екипа на Ф.К. ПОБЕДА Прилеп не е во можност да го продолжи натпреварувањето во Втората Македонска Фудбалска Лига.

Со почит,

ФК ПОБЕДА!

Во Битола испокасано 2-годишно дете, во Прилеп ги има глутници на секој чекор (ФОТО)

Веќе станува АЛАРМАНТНО! Проблемот со кучињата скитници во Прилеп сега е распространет во речиси сите населби во градот, а граѓаните редовно ни испраќаат фотографии и видеа од цели глутници пред нивните домови.

Најновата поплака од граѓани е од населбата Марино Маало, каде деноноќно е присутна глутница од десетина кучиња скитници. Граѓаните стравуваат за своите најмали кои преку паркот на ул. “Петта Прилепска Бригада” одам на училиште.

Апел до новиот директор на ЈКП “Комуналец” Прилеп, ова да биде еден од приоритетите со кои ќе се занимава на стартот од својот мандат.

За потсетување, пред неколку дена во Битола, двегодишно дете беше испокасано од група кучиња скитници додека си играло пред својот дом.

Изградба на повеќе патишта и реконструкции на улици во 2026 во Битола

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината.

Изградба на коловоз на локалниот пат од село Барешани до „Св. Меркуриј“, потоа реконструкција на коловоз на улици во Ротино, изградба на коловоз на локален пат во село Раштани, реконструкции на улици во селата Трн и Братиндол, реконструкција на коловоз на локален пат за село Горно Ореово.

Ова се проекти одобрени преку министерството за транспорт.

Со ова и Владата и Општината водат сметка и за подобрување на инфраструктурата и во руралните средини.

Видеолотарија Касинос Австрија го препозна и поддржа потенцијалот на Милијана Релиќ

Поддршката носи успех: Милијана Релиќ со нов бронзен медал

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за настапите на македонската таеквондистка Милијана Релиќ на меѓународната сцена. Таа го освои третото место и се закити со бронзен медал на турнирот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук.

Македонската олимпијка продолжува со успесите надвор од земјата. Викендов, Милијана Релиќ го освои третото место и се закити со бронзен медал на еден од најстарите и најреномирани таеквондо турнири во Европа – Австрија Г-1 Опен, кој се одржа во Инсбрук.

Настапувајќи во категорија до 62 килограми, Релиќ ја потврди одличната форма, надоврзувајќи се на бронзениот медал освоен минатиот викенд на Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. 

Видеолотарија уште во 2025 го препозна нејзиниот потенцијал и обезбеди поддршка за нејзините меѓународни натпреварувања. 

Со оваа поддршка, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на спортот и континуираната поддршка на македонските спортисти во нивните настапи на меѓународната сцена.

 

Што има да каже битолчанец за Прилеп – “Не е се’ така црно”

Актерот од Битола, Никола Пројчевски така речено ни ги “отвори очите” за што се’ има Прилеп, а понекогаш не сме свесни и не доволно цениме. На прашањето на социјалните мрежи: “Дали Прилеп е на маргините во сите области на општественото живеење?”, Пројчевски кој за прилепчани е добро познат и како одличен водител и шоумен на кабаре програмата во “Голд Фелиција”, имаше да изнакаже еден куп убави работи за Прилеп и прилепчани.

-Јас како битолчанец искрено го сакам Прилеп! Мислам дека е единствениот град во државава во кој кога одам се осеќам исто како дома!

Прилеп има многу убава чаршија… има многу убави “меанчиња” со преубава скара … И секогаш кафе кога сум пиел не сум наишол на нељубезен келнер-да кажиме 😁!!!

Си одиме и ние битолчани во четвртоци по намалената спортска облека и обувки а на лето Салида во “аква парк”…

Не е се така црно…

Прилеп е и мој…и наш град…Оти? Оти таму пукна првата пушка, таму се могилата на непобедените, таму е театарскиот фестивал ” Војдан Чернодрински”, таму се Маркови Кули, таму се прави пивото кое го пиеме и во Битола и “Стоби Флипс” за замезување уз пивото!!!

Ај малку пред да почнеме да погребуваме /закопуваме нешто, прво да пробаме да го реанимираме- задржиме во живот!

П.С Во Прилеп на прилепчани им е подеднакво исто чувството како на секој македонски граѓанин за својот град!

На Никола му благодариме за убавите зборови, а вам прилепчани нека овие зборови ви бидат водилка дека не е се’ во шопинг пазарување во недела во трговски центар.

Мицкоски со моќна порака: “Го слушаме гласот на членството”

Неодамна избраниот нов состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја одржа својата прва седница, за чии одлуки информира лидерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

„Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии.

За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, Претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов Претседател на комисија за туризам е Аккан Махмут.

За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
Промени. Го слушаме гласот на членството.

Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, објави Мицкоски.

Kривична за битолчанец – полицијата имала што да види во неговиот дом

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.02.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени МДМА таблети, кокаин, метамфетамин, марихуана и две дигитални ваги – информираат од СВР Битола.

Со богата четиридневна програма прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе одбележи 76 години постоење

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп од 16 до 19 февруари ќе ја одбележи 76-годишнината од своето основање со четиридневна театарска програма на Сцена 105, со почеток во 20:00 часот.

Програма:

16 февруари (понеделник)
„Синиот портокал“
Продукција: НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес

17 февруари (вторник)
„Фетишист“ – монодрама со Здравко Стојмиров
Продукција: Здравко Стојмиров во копродукција со НУ „НТБ“

18 февруари (среда)
„Делириум тременс“
Продукција: Театарска работилница – Прилеп

19 февруари (четврток)
„Црнила“
Продукција: НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Роденденската недела ќе биде заокружена со гостување на претставата „Црнила“ во Македонскиот народен театар во Скопје, на 21 февруари со почеток во 20:00 часот.