дома блог страница 82

Продолжува врнежливото време и во наредните денови – еве кога можеме да очекуваме сонце

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -8 до 5 степени, додека дневните максимални ќе бидат во интервал од 2 до 15 степени Целзиусови.

Најстудено се очекува да биде во среда и четврток во утринските часови, особено во повисоките и источните делови, додека во текот на денот температурите постепено ќе растат, со потопло време кон крајот на неделата.

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата, Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната (ВИДЕО)

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки до земјоделците, посакувајќи им добар род и стабилни, повисоки откупни цени.

Николоски истакна дека Владата ја завршила својата обврска кон земјоделците и дека субвенциите се целосно исплатени за сите кои макотрпно работат и произведуваат. Според него, тоа треба да биде дополнителен мотив и стимул за новата производствена сезона.

„Се надевам дека ова ќе биде поттик за уште подобра и поуспешна година, со квалитетен род и мотивирани земјоделци. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме и да го стимулираме земјоделието. Цените кои што можат да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека следната сезона ќе имаме уште поголеми цени, и така секоја година ќе одиме нагоре, затоа што мора трудот да се цени и мораме да стимулираме домашно производство.“, порача Николоски.

Вицепремиерот посочи дека особено радува фактот што македонските компании стануваат сѐ поконкурентни на меѓународниот пазар. Како пример ја посочи својата неодамнешна посета на Париз, каде, како што рече, македонските винарии рамноправно се натпреварувале со најдобрите европски производители.

„Навистина беше гордост да се биде таму и да се види како нашите винарии рамо до рамо стојат со најдобрите во Европа“, изјави Николоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжи со поддршка и во делот на инфраструктурата, оценувајќи дека таа е клучна за полесна комуникација и економски развој. Притоа истакна дека Владата целосно ја поддржува амбициозната агенда на градоначалничката, најавувајќи интензивирање на активностите со почетокот на градежната сезона.

„Очекувам бројни започнати проекти да бидат завршени, а паралелно да отпочнат и нови“, рече Николоски.

Посетата на Неготино по повод Св. Трифун беше во знак на поддршка за лозарите и винарите од Тиквешијата, со порака дека државата ќе продолжи да стои зад домашното производство и развојот на регионот.

Има ли фирма што не сака 76 милиони пати да ја видат годишно?!

Минатата година беше една од најуспешните години за Markukule.mk и нашата Facebook фан страна – година на континуиран раст, масовен досег и силна интеракција со публиката.

Бројките јасно покажуваат дека Markukule.mk не е само медиум, туку платформа со реално влијание.

Во текот на 2025 година остваривме вкупно 76.622.246 прегледи, што значи дека во просек нашата Facebook страна била посетувана повеќе од 210.000 пати дневно. Овој податок сам по себе зборува за огромниот досег и вниманието што го има нашата содржина кај публиката.

Покрај прегледите, остваривме и 674.374 интеракции – реакции, коментари и споделувања, што е просек од речиси 1.850 интеракции секој ден.

Тоа значи дека нашата публика не е пасивна – таа активно учествува, коментира, споделува и реагира на содржината што ја објавуваме.

👍 Само во реакции имаме 566.922,
💭 77.461 коментар,
🔁 29.991 споделување, бројки што дополнително ја зголемуваат органската видливост и ја носи пораката до уште поголем број корисници.

Во 2025 година нашата заедница порасна на 78.266 следбеници, што претставува раст од +8.3% во однос на претходната година. Само во текот на оваа година добивме 6.060 нови следбеници, односно во просек 17 нови луѓе секој ден кои одлучиле да нè следат и да ни ја дадат својата доверба.

Што значат овие бројки за бизнисите и компаниите?

Овие резултати значат:

✅ огромен и континуиран досег
✅ активна и ангажирана публика
✅ реална видливост, а не само „пуштена реклама“
✅ можност вашата порака да стигне до илјадници луѓе секој ден

Затоа Markukule.mk е природен избор за сите стопанственици, бизниси и компании кои сакаат:

📈 раст
📣 силна промоција
🎯 прецизен локален досег
🤝 доверба кај публиката

На крај, сакаме искрено да им се заблагодариме на нашите читатели и следбеници.
Вашата доверба, вашите коментари, реакции и споделувања се темелот на овој успех.
Без вас, овој раст немаше да биде возможен.

Вие сте причината зошто Markukule.mk продолжува да расте, да се развива и да биде еден од највлијателните локални медиуми.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!

Maкедонска мистерија: Се водела како почината 20 години, а сега на гинекологија родила дете

Центарот за социјални работи во Тетово алармираше за несекојдневен случај на можно фалсификување исправи, откако жена која според официјалните евиденции е почината пред две децении, се појавила во институцијата со новороденче.

Случајот започнал кога Управата за водење матични книги известила дека на 8 декември 2025 година во Тетовската клиничка болница е родено женско дете од мајка А.С. (27). Меѓутоа, при проверката во службените регистри, вработените останале затечени – мајката со тие податоци се водела како почината уште на 21 октомври 2006 година.

Откако биле испратени официјални покани, вчера лицето А.С. лично се појавило во Центарот заедно со бебето и уште едно машко лице, но со себе не носеле никаков документ за идентификација. СВР Тетово веќе работи на случајот за да утврди дали станува збор за кражба на идентитет или софистициран фалсификат на документи.

И Свети Трифун е Ден на вљубените: Зошто во туѓата религија го бараме она што во нашата веќе постои?

Се почест е трендот на младите во Македонија да 14-ти февруари, денот кога Христијанската Православна црква го празнува Св. Трифун, да го празнуваат Денот на вљубените, Св. Валентин, кој како празник го празнува Католичката црква.

Она што многумина не го знаат оние кои бегаат од своето наследство и традиција, е дека и Свети Трифун се обележува како ден во кој се слави љубовта. Еве и како!.

Освен што се смета за заштитник на лозарите и лозјата, како и за чувар од непогоди и штети, Свети Трифун е и заштитник на искрената љубов на сите христијани.

Македонската православна црква го одбележува Свети Трифун на 14 февруари по новиот календар, или на 1-ви по стариот.

Затоа е обичај, да на овој ден се искажува љубов со некој гест на онаа личност која ни е важна во животот.

Ако планирате овој ден да и го посветите на саканата личност, би било идеално тоа да го одбележите со некое вино и така заедно да го прославите нашиот заштитник на виното и винските насади.

Доколку овие предлози ви изгледаат како неосновани, еве една приказна која од дамнешни времиња се раскажува помеѓу балканските народи, а потврдува дека Свети Трифун е заштитник на искрената и чиста љубов.

Според приказната, големиот грешник Трифун, кој на душата носел 99 луѓе што ги убил, осуден бил на Божја казна. Легендата вели дека казната би можела да биде изземена само кога би разлистал врбовиот корен. Трифун одгледувал бостан и на секој минувач според таа казна морал да му даде лубеница. Меѓутоа, кога еден ден некој минувач, брзајќи, не обрнал внимание на поклонот од Трифун, тој потрчал по него и со голем бес го удрил со лубеницата човекот по глава и го убил.

Разочаран што го убил стотиот човек, се вратил, и што да види – врбата раззеленила! Имено, човекот што не можел да го спречи брзал да ѝ напакости на девојката која ја сакал пред нејзината свршувачка.

А тоа, според народните верувања е непростив грев, па со тоа ова убиство на Трифун не можело да се земе како зло.

Според приказната сите претходни злодела на Трифун му биле простени.

Колку има или нема вистина во оваа народна легенда не знаеме, но веруваме дека негувањето на своите традиции, своите вредности и своите обичаи, секогаш треба да имаат предност пред останатите.

Само така ќе имаме што да оставиме и на идните генерации!

За многу години и наздравје!

Денеска е Св. Трифун – маченик за вepaта и покpoвител на земjoделците

Денеска се слават Светиот маченик Трифун, Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, како и Преподобен Петар Галатиски.

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови.

Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана.

Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите.

Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа.

Но, тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

Метал-детектор откри гранати од Првата светска војна во прилепското село Марул (ФОТО)

На 13 февруари 2026 година, во 10:00 часот, во село Марул, општина Прилеп, беа пронајдени девет артилериски гранати со калибар од 75 милиметри, кои потекнуваат од Првата светска војна – информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Пиротехничарот Ѓорге Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, при теренска проверка со метал-детектор, ги лоцирал неексплодираните убојни средства.

Гранатите биле безбедно извадени, подигнати и транспортирани на сигурна локација, по
што ќе бидат уништени на воениот полигон Криволак.

Пријавата за можно присуство на неексплодирани убојни средства била доставена до СВР Прилеп од лице кое имало сознанија дека на посочената локација во минатото биле закопани вакви убојни средства.

Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни предмети или експлозивни средства, веднаш да пријават во најблиската полициска станица и да не се обидуваат самостојно да ги допираат или преместуваат.

Во успешна акција на прилепската шумска полиција одземени шпедитери натоварени со дрва кај месноста Пештера (ФОТО)

Во акција на Шумската полиција – Прилеп, помеѓу селата Оревоец и Крстец кај месноста Пештера, одземени се бесправно исечени дабови и багремови дрва и три запрежни возила.

Запленетите држава согласно законската постапка се предадени на ПШС „Црн Бор“ – Прилеп – информираат од прилепската шумска полиција.

Пронајдено оружје во викендица на прилепчанка и во дом на крушевчанец

Извадоци од полицискиот билтен на МВР:

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли, 39 парчиња муниција и рамка за пиштол.

-ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Р.П.(51) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“. На 29.12.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 819 парчиња разни видови пиротехнички средства.

ОВДЕ СМЕ СИТЕ ИТНО ПОТРЕБНИ! Да донираме за 8-годишната Ана, се соочува со тешка дијагноза

Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози.

На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex. Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор.

Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.

Ова е најитната кампања досега.

Секој изгубен ден значи дополнителен ризик. Секое одложување ја намалува шансата за навремена реакција.

Пред Ана е тешка борба – но таа не смее да ја води сама.

Потребни се средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар кој ги надминува нивните можности.

Да покажеме дека солидарноста е посилна од болеста. Да дадеме шанса на едно 8-годишно дете да продолжи да сонува, да расте и да живее.

Можете да донирате на ОВОЈ ЛИНК