Сакате да одгледувате здрава храна без хемикалии? ЗОКУМ-Прилеп организира бесплатен онлајн час по биоградинарство!

Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, в четврток на 5 ноември од 19.00 часот ќе реализира бесплатен  онлај час по биоградинарство. 

– Целта е луѓето кои се заинтересирани за еколошко производство на храна да се запознаат со биоградианрството како метода на одгледување храна без користење на хемиски средства и вештачки ѓубрива. Часот најмногу ум е  наменет на оние што сакаат да почнат со производство за свои потреби, но немаат знаење и искуство, како и на оние искусни производители кои сакаат конвенционалното земјоделство да го заменат со биоградинарење – велат организаторите.
 
Темите за кои ќе се зборува е производството на биозеленчук, подготовка на средства за заштита и прихрана на растенијата како и агротехнички методи во производството. 
 
Предавањата ги води, дипломираниот  земјоделски инженер во насоката градинарство и цвеќарство Филип Димкоски.
 
Часот ќе се одвива онлајн преку платформата ЗУМ (ZOOM) така што секој кој е заинтересиран може да се вклучи без разлика на неговото емсто на живење или престојување. 

Врска до онлајн часот: 

https://us04web.zoom.us/j/73327133557…

Во рамки на предавањето присутните ќе се запознаат со можностите и деталите кои ги нуди Онлајн курсот по биоградианрство и со тоа ќе биде отворен повикот за истиот. 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.