-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ј.(68) од с.Бешиште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.09.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени стебла од растението канабис, информираат во полицискиот билтен на МВР.

























