дома блог страница 7

Блесна на сцената: Талентираната прилепчанка и оваа година маестрална на “Макфест”

Младата и талентирана прилепска пејачка Марија Наумоска продолжува со сигурни чекори да го гради своето име на македонската музичка сцена. По настапот на Макфест минатата година, Марија во август годинава оствари уште еден значаен успех – од Охрид Фест се врати со награда за најуспешна композиција, а минатата недела одново успешно се претстави на Макфест 2026 со песната “Сега или никогаш”.

Автор и продуцент на песната е Дарко Андонов, а Марија ја пренесе на маестрален начин на сцената. Уживајте во продолжение:

Трамп: Војната во Иран практично е завршена од воен аспект

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека смета оти војната во Иран „практично е завршена од воен аспект“.

„Војната со Иран практично е завршена од воен аспект. Ние само ја одржуваме статус-кво состојбата“, изјави Трамп во Белата куќа по средбата со катарскиот премиер.

Американскиот претседател додаде дека Иран е „обезглавен“, но посочи дека и натаму бара начин да обезбеди трајно решение со кое ќе се неутрализира нуклеарната програма на Техеран.

„Во овој момент не изгледа дека има голема потреба од воени дејствија. Но, подготвени сме да дејствуваме доколку се промени која било околност“, рече Трамп. Тој повтори дека смета оти конфликтот со Техеран ќе заврши наскоро.

Трамп додаде дека Катар и Саудиска Арабија се заинтересирани за постигнување мировно решение на конфликтот, а изрази и задоволство од американската поморска блокада на Иран во Ормуската Теснина.

Катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, изјави дека вчера имал позитивни разговори со американскиот претседател и потпретседателот, Џеј Ди Венс.

„Благодарен сум за позитивниот разговор за постигнување договор и воспоставување мир во регионот“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

Во меѓувреме, претседателот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека Вашингтон треба да „престане да шири лажни вести за непостоечки преговори“ и дека е време да ги прифати седумте услови што ги поставува Иран.

„Војната против Иран веќе ја уништи американската влада. Но, Вашингтон се однесува како очаен коцкар. Спуштете ги картите. Престанете да фабрикувате лажни вести за непостоечки преговори. Престанете да го негирате новиот поредок во Западна Азија. Време е да ги прифатите седумте услови што Иран постојано ги поставува“, напиша Резаи на својот канал на Телеграм.

Terasa ги подигнува стандардите за ноќно излегување во Прилеп – Овој викенд големи музички имиња на сцената

Кога ќе се спојат добрата музика, омилените луѓе и атмосферата по која Terasa е препознатлива, добивате викенд што едноставно не се пропушта! А викендот во Terasa се знае, започнува во четврток со Ladies After Work забава, a за тоа ќе се погрижи феноменалниот Meto Di Flash.

За дамите се знае, обезбедено е НЕОГРАНИЧЕНО УЖИВАЊЕ во пијалоци за само 500 денари. Значи четврток (12.11.) се знае, после работа, 17:00 часот TERASA е вашата дестинација!

ПЕТОК | 13.11 – THE FOUR

Петокот е резервиран за добро познатиот прилепски состав, луѓето кои се репер за забава низ цела Македонија – групата The Four. Кој беше минатиот пат, добро знае каква забава приредија во Terasa.

САБОТА | 14.11 – ЃОКО ТАНЕВСКИ

Во сабота на сцената на Terasa пристигнува Ѓоко Таневски, едно од препознатливите имиња на македонската естрада, пејач со моќен вокал, препознатлив музички израз и хитови кои со години се дел од македонската музичка сцена. Ве очекува вечер исполнета со одлична музика, емоции и енергија во живо, во друштво на вистинска музичка ѕвезда!

Влез за настапот на Ѓоко Таневски по цена од 300 денари

Резервации на телефонскиот број: 070-304-967

Три вечери, три музички приказни и едно место каде што секогаш се бара маса повеќе!

Pub Club Terasa – затоа што најдобрите викенди имаат своја адреса! 🍻

Народот пресече за 48 часа: Над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените

За само два дена, повеќе од 10.000 граѓанки и граѓани ја потпишаа петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство! Оваа масовна поддршка е директна порака за власта и за сите оние кои со месеци бараа празни изговори, правдајќи ја својата незаинтересираност со некакви „недоработени решенија“ и „подетални анализи“, велат од ЛДП.

Додека парламентарното мнозинство во март го одбиваше овој закон и додека нивните коалициони партнери по телевизии оправдуваат „машки надзор“ и ги омаловажуваат жените, на терен се случуваат трагедии, а жртвите живеат во постојан страв.

Народот во Македонија јасно покажа дека повеќе не прифаќа изговори што не држат вода! Техничката инфраструктура и уредите во системот за пробација веќе постојат – единственото нешто што недостасува кај власта е политичка волја да ги заштити човечките животи.

„10.000 потписи за 48 часа! Заедно УСПЕАВМЕ! Во март по втор пат ми го одбија предлог-Законот и ни се случи нова трагедија и нова жртва! Оваа петиција не е само бројка, туку народен ултиматум до Собранието и Владата веднаш да ги сопрат партиските калкулации и без одложување да го изгласаме законското решение за електронско следење на насилниците“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието на Македонија.

ЛДП им се заблагодарува на сите граѓанки и граѓани кои со својот потпис застанаа зад оваа борба за заштита на достоинството и безбедноста на секоја жена. Нема да застанеме тука – народниот глас е премногу гласен за да продолжите да замижувате пред насилството.

Изгласајте ги електронските нараквици веднаш, бидејќи превенцијата спасува животи, а вашето молчење ве прави соучесници, додаваат од партијата.

Современо подмладување без игли и болка – нова можност за нега во „Ласер и Убавина“ Прилеп

Современата нега на кожата нуди сè повеќе можности за оние кои сакаат да го зачуваат младешкиот изглед, еластичноста и природниот сјај на кожата, без инвазивни процедури и болни третмани. Една од нив е мезопорацијата, современа метода која можете да ја пробате во салонот „Ласер и Убавина“ во Прилеп.

Позната и како мезотерапија без игли, мезопорацијата се базира на принципот на електропорација, при што со помош на пулсни струи се создаваат привремени канали во површинскиот слој на кожата. На тој начин се овозможува полесно продирање на активните состојки и нивна подобра апсорпција.

Третманот е наменет за нега и подобрување на изгледот на кожата, а се применува при третирање на опуштена кожа, брчки и пигментни дамки. Освен за лицето, мезопорацијата се користи и за третирање на целулит, стрии и локализирани масни наслаги на телото.

Една од предностите на оваа метода е тоа што не се користат игли, а процедурата е безболна и не остава видливи траги на кожата. По завршувањето на третманот, клиентите можат веднаш да продолжат со секојдневните активности.

За подобри и подолготрајни резултати, во салонот препорачуваат серија од најмалку шест третмани, во зависност од потребите и состојбата на кожата.

Доколку сакате да дознаете повеќе за мезопорацијата и да добиете стручна консултација, посетете го салонот „Ласер и Убавина“, кој се наоѓа на Булевар „Гоце Делчев“, во центарот на Прилеп, во зградите спроти „Палма шоп“, влез 1, стан 7.

За информации и закажување термин: 070 287 842

Крушево го развива авантуристичкиот туризам – „Црн Врв“ доби ново полетувалиште, следува уредување на Гумење

Развојот на спортско-рекреативните содржини и туристичката инфраструктура останува еден од приоритетите на Општина Крушево, со конкретни проекти и утврдена динамика за нивна реализација.

Како што информира градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, на 24 август 2026 година, во Центарот за параглајдинг во Крушево, пред претставници на Европската Унија, Светската воздухопловна федерација (FAI), Министерството за локална самоуправа и други институции, беше презентирана првата фаза од проектот за новото полетувалиште „Црн Врв“.

Новото полетувалиште е изградено согласно изменетиот урбанистички план и основниот проект, а претставува значаен инфраструктурен чекор за унапредување на условите за параглајдинг и развој на авантуристичкиот туризам во Крушево.

Паралелно со оваа инвестиција, во тек е и уредувањето на локалитетот Гумење, согласно склучените договори со изведувачот и надзорниот орган.

Дополнително, потпишани се договори со проектантски бироа за изработка на техничка документација за понатамошно уредување и поставување урбана опрема во дел од спортско-рекреативниот комплекс Гумење. Документацијата се очекува да биде завршена до крајот на ноември годинава, по што во 2027 година е планирано да започне и фазата на изведба.

Со овие активности, Општина Крушево продолжува со вложувања во туристичката и спортско-рекреативната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за посетителите, спортистите и сите љубители на активниот туризам.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИСПЛАТИ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ЕВРА ЗА ВЛТ ЏЕКПОТ ДОБИВКИ ВО ОКТОМВРИ

Октомври донесе нови добитници и среќни приказни, со вкупно 62.897.070 денари исплатени за ВЛТ џекпот добивки.

Среќните ВЛТ приказни продолжија и во октомври. Видеолотарија Касинос Австрија, во периодот од 1 до 31 октомври 2026 година, исплати вкупно 62.897.070 денари за џекпот добивки освоени на ВЛТ терминалите низ земјава.

Месецот играчите се радуваа на повеќе добивки, а вкупната исплата надмина еден милион евра. По категории, освоени и исплатени беа:

4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивки, исплатени вкупно 28.214.343 денари;
18 МИЛИОНЕР џекпот добивки, исплатени вкупно 27.102.727 денари;
МИНИ џекпот добивки, вкупно 7.580.000 денари
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија работи во согласност со важечките законски регулативи и меѓународните стандарди, со посветеност на одговорното приредување игри на среќа.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

Мицкоски и Николоски на камен темелник на нова инвестиција: Просечната плата на вработените ќе биде од 1.500 до 2.000 евра

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери, реќе премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето од отворање на нов производен капацитет на „АСП – ПАК“ ДООЕЛ во Општина Охрид.

„Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија.

Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки.

Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија.

И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство“, потенцира во изјавата Мицкоски.

“Мојата сестричка е дома со мама и тато, а јас уште не знам како изгледа нашиот дом” – Ajде Прилеп, ајде Македонијо, обединете се за малиот БОРЕЦ

Шестмесечниот Михо од Прилеп, кој се родил предвреме заедно со својата сестричка близначка Мина, веќе шест месеци се бори со тешка бактериска инфекција и хидроцефалус. Од денот на раѓањето е во болница, а неговото семејство сега се соочува со нова и исклучително тешка битка – да му овозможи неопходно лекување во Истанбул, Турција.

За да се соберат потребните средства за лекувањето, семејството започна хуманитарна кампања преку фондацијата Pavel Andreev, каде што сите хумани граѓани можат да донираат и да помогнат во борбата на малиот Михо.

Трошоците за лекувањето се огромни, а само еден ден интензивна нега чини 2.000 евра. На Михо му е потребна нашата поддршка, затоа што неговиот најголем сон е конечно да си замине дома и да порасне покрај своите родители и сестричката Мина.

Во продолжение ја пренесуваме личната порака на семејството, објавена во хуманитарната кампања:

Здраво, свету!

Јас сум Михо и иако сум многу мал, бескрајно ви благодарам за поддршката и надежта што им ја давате на мама, тато и дада.

Се родив во седмиот месец заедно со мојата сестра Мина. Нашата приказна е долга… И се надевам дека еден ден, кога сите заедно ќе бидеме дома, мама ќе ви ја раскаже до крај — со насмевка и солзи радосници во очите.

Накратко… Се родив како здраво и храбро, но мало бебе, заедно со мојата сестра.

И успеавме!

Со многу молитви, солзи, верба и секојдневни патувања од стотици километри, мама и тато доаѓаа само за да ни го шепнат она што ни даваше сила:

„Дада и бато се најубавото нешто на мама и тато.“

Да, пораснавме и во првите недели веќе почнавме да дишеме самостојно. Преживеавме сепса во болница и тогаш мама и тато помислија дека конечно сè ќе биде во ред и ќе си одиме дома.

И да, Мина беше многу силна и успеа, но јас останав!

Кај мене се случи нешто… И не знаеме како, но една опасна бактерија, Псевдомона, ја премина крвно-мозочната бариера и сега живее во ликворот што го штити моето мозоче.

Шест месеци се борам со тешка бактериска инфекција и хидроцефалус. Лекарите се обидуваа да ја стават инфекцијата под контрола со антибиотици и пункции, но таа сè уште не е исчезната. Поради инфекцијата и водичката во моето паметно главче, сè уште ме хранат преку сонда. Од раѓање сум во болница.

Времето минува, Мина расте, а јас сè уште не знам како е да заспијам во моето креветче, да се разбудам дома и мама да е тука до мене.

Знам дека ќе кажете дека сум храбар, знаат и мама, и тато, и дада.

Шест месеци сум во болница. Шест месеци мама и тато се делат меѓу мене и дада Мина. Шест месеци нивниот најголем сон е едноставен — нивните две деца конечно да бидат заедно дома.

Тие не се откажуваат од мене.

И јас ќе се борам и нема да се откажам!

Знам дека заедно ќе успееме да ја исчистиме оваа бактерија и сè да биде во ред, но за тоа ни треба и ВАШАТА ПОМОШ.

Ќе бидам храбар и умен како досега. Мама и тато секој ден ми кажуваат дека сум најхраброто бебе на овој свет.

Сега имаме надеж. Морам да заминам на лекување во Истанбул, Турција, на 12 ноември. Таму ќе се направат дополнителни испитувања и ќе се процени и спроведе потребниот третман за мојата инфекција и хидроцефалус.

Ме очекуваат сложени медицински процедури, вклучително и планирана надворешна дренажа, а понатаму, зависно од состојбата и контролата на инфекцијата, и поставување шант. Никој сè уште не може точно да каже колку долго ќе трае лекувањето и колку време ќе треба да поминам во болница.

Она што го знаеме е дека трошоците се огромни, а само еден ден интензивна нега за мене чини 2.000 евра.

Мама и тато би направиле сè на светот за да ме излечат. Но оваа битка е преголема за да ја извојуваат сами.

Знаете што сонувам секоја вечер?

Сонувам да си одам дома!

Да ја почувствувам мама без болнички мирис, да заспијам во прегратката на тато и да си играм со мојата сестричка Мина.

ВИ БЛАГОДАРАМ за поддршката, помошта, споделувањето и за тоа што сте дел од нашата приказна, која ВЕРУВАМЕ дека ќе има СРЕЌЕН крај.

Со љубов и надеж,

НАЈХРАБРОТО на мама, тато и дада — бебе Михо.

ЗА да донирате за МИХО одете на следниот ЛИНК: https://pavelandreev.org/mk/campaign/jas-sum-miho-imam-samo-6-meseci-i-se-ushte-ne-sum-bil-doma-kaj-mojata-sestrichka?fbclid=IwY2xjawVYEB5leHRuA2FlbQIxMABwZG9mBWJyaWQRMTRQNHFnQ2NMWWtWVGJoempzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEfOcCpw4jZqaurjKwGIVHqkESOWrWnpxOkZah3pM_7UcitU0ny5Kfcww4_coU_aem_61pi2YsVoW5lDfhUyOHtKw

Oд полноќ ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ на цените на горивата!

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт со која највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

-Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,00 (денари/литар)

-Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,00 (денари/литар)

-Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,50 (денари/литар)

-Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 103,50 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС – 49,312 (денари/килограм)

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија од 02.11.2026 година.

Согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, (“Службен весник на Републикa Македонија” бр. 256/26), применет е намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи, а пресметани согласно средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 30-ти октомври 2026 година и средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација “Mediterranean cargoes FOB (Italy)” од Platt’s European Marketscan, за периодот од 16-ти до 30-ти октомври 2026 година.

Исто така во оваа одлука е применет намален износот на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), во износ од 10%, согласно Одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (“Службен весник на Република Македонија” бр. 256/26). Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати, се намалуваат во просек за 7,51%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 5,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 6,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 103,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 6,261 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.11.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,312 ден/кг