дома блог страница 5515

Рецитаторски натпревар помеѓу средните училишта во СОУ ” Ѓорче Петров”

1

На ден 10.12.2015г. во просториите на училишната библиотека во СОУ Ѓорче Петров, се одржа вториот по ред Рецитаторски натпревар на средните училишта од Прилеп во чест на св. Климент Охридски – основоположникот на словенската писменост, култура, јазик и литература во Македонија, првиот словенски писател и најистакнатиот ученик на Св. Кирил и Методиј. На натпреварот се претставија ученици од средните училишта од нашиот град со песни кои ги подготвиле со своите професори – ментори.

6 2 4

Учесниците им зададоа тешка задача на членовите на жири – комисијата. А нам, на присутните ни ги разнежнија срцата со прекрасните изведби на стихови од познати поети. Честитки за сите учесници!!! Оваа рецитаторска вечер беше збогатена и со претставата „Игра со натемаго“ во изведба на Драмската секција на нашето училиште и со музичките изведби на нашите ученици. Им благодариме за прекрасно поминатите мигови со нивните изведби!

20 21 10 11 15 16 17 18 19

Маркукуле.мк ќе известува за натпреварите од Светиниколскиот турнир во мал фудбал

DSC02256

Kако што информиравме во текот на денот, денес започна шестиот традиционален Светиниколски турнир во мал фудбал во Прилеп. Од утрешниот ден, маркукуле.мк редовно ќе ве известува за распоредот и резултатите од турнирот. Интересни натпревари се одиграа во привот ден, а не изостануваше и присуство на публика. Светиниколскиот турнир ќе трае до 27 декември.

DSC02259

DSC02243

DSC02244

DSC02245

 

DSC02248

DSC02249

DSC02251

DSC02253

DSC02258

 

ТИЕ ШТО ИМААТ СЛАБО СРЦЕ ДА НЕ ГО ГЛЕДААТ ОВА ВИДЕО

Страшна видео снимка се појави на социјалните мрежи, на која се гледа последица од преголемо конзумирање на енергетски напиток.

Имено, момчето на снимката испило дури 24 енергетски пијалоци.

Еден од членовите на лекарскиот тим кој му пружил помош, го снимил ова страшно видео.

 

Мексикански нарко бос и се закани на Исламска Држава

el-chapo-1-650x396

Мексикански нарко бос и се закани на Исламска Држава. Станува збор за нарко-босот Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо кој во моментов е во бегство.

Тој наводно испратил заканувачко писмо до лидерот на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади откако била уништена една пратка на неговиот картел. Ел Чапо на Багдади му пратил кодирана имејл порака што била објавена на веб сајтот cartelblog.com, во која му порача дека Исламска Држава направила грешка затоа што ја уништила дрогата на неговиот картел, пренесува „Раша Тудеј“.

chapo

Вие од ИД не сте војници. Моите луѓе ќе ве уништат. Вашиот Бог нема да може да ве спаси од вистинскиот терор што моите луѓе ќе го спроведат врз вас ако и понатаму влијаете врз моите операции, наводно се заканил Гусман.

Инаку Гусман летово побегна од строго чуваниот затвор во Мексико. За информациите што би довеле до негово повторно апсење понудена е награда од пет милиони американски долари.

Обрван го објави поширокиот список за ЕП во Полска- Диви го нема

ivica-obrvan-reprezentacija-27138-640x427

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го објави поширокиот список од 28 репрезентативци на кои ќе смета на стартот од подготовките за Европското првенство во Полска што започнува на 15.јануари.

На овој список се најде и првиот голман на Металург, Даниел Дупјачанец кој игра одлична сезона во тимот од Автокоманда. Во „жолто-црвениот“ табор тој е на местото на Петар Ангелов – Диви, кој нема да биде дел од европскиот ракометен собир. Исто така повратник во репрезентацијата е и Златко Даскалоски, кој е меѓу стативите на тимот на Темишвар и е одличен во романскиот шампионат.

reprezentacija-spisok

Точниот термин на подготовките дополнително ќе биде објавен. На Европското првенство Македонија е во група со селекциите на Франција, Србија и домаќинот Полска.

Харизматичниот секирџија од Прилеп, Зоран Михајлоски

DSC02116

Мајстор Зоран Михајлоски е еден од ретките занаетчии и еден од два-тројцата останати секирџии во Прилеп и прилепската чаршија. 16 години се занимава со занаетот кој го наследил од таткото на неговата сопруга. Во дуќанот кој се наоѓа во улицата на бочварите, во старата прилепска чаршија, секојдневно се слуша звукот на чеканот и одекнувањето на наковалната од неговиот дуќан. Жешкиот челик го обликува со големо задоволство и прави одличен продукт кој е потребен во секое семејство.

DSC02120

DSC02117

DSC02118

DSC02119

Не пречека расположен за разговор и ни ги откри тајните на овој занает. Вели дека е четврта генерација, што го превзема занаетот и се надева дека ќе пробуди интерес кај некого и понатаму.

Си ја сака работата и она што го има, или како што вели 99,9% е задоволен од својата работа и од тоа што во едно вакво модерно време постои како занаетчија.

Мајстор Зоран не се пожали ни од заработката. Скромно одговори дека за еден среден, солиден живот се заработува. Никогаш не бил насочен кон големо имање, туку кон она што го прави среќен.

DSC02123

DSC02122

Секирите се изработуваат главно од челик, кој е најважниот, број еден материјал, и во мала доза железо, а временската рамка за изработка на една секира е од 5 до 6 саати активна работа, но пред се зависи од големината на истата.

Ги разгледавме и алатите за изработка, каде чеканот и наковалната се на средишно место поставени и ја играат главната улога при обликувањето на металот. Напоредно како пропратни алати се користат: брусалици, менгеме, точило, дупчалка, камен. Тука не смеат да се заборават огнот за ложење на металот и водата за негово ладење после обликувањето.

Насочен е единствено кон изработка на секири, но вели дека прави и ситни поправки на други алати.

DSC02126

DSC02124

DSC02125

За Прилепчани вели дека имаат мукает да купат секира, бидејќи сме град во кој огревното дрво е главен ресурс за затоплување во зимата. Сепак негови најредовни потрошувачи се граѓани од постарата популација.

DSC02132

DSC02129

За него ниту државата, па ниту општината не се криви поради немањето интерес кај младите за занает. Смета дека нема што многу да се направи на ова поле и да се привлече интерес. Едноставно младите тоа не ги интересира. Вели дека ниту едно дете до сега не дошло и не побарало да го научи занаетот. Ни раскажа за една случка што се случила пред неколку години, кога кај неговиот дедо дошло едно дете со желба да учи, но истото напуштило после два нецели дена, низ смеа говореше мајстор Зоран.

 

DSC02134

DSC02135

DSC02136

Се надеваме дека на најсоодветен начин ви ја пренесовме енергијата и еланот за работа што ги има овој човек. Ние сме среќни што имавме прилика да разговараме и што запознавме еден исполнет со харизма и расположение човек.

 

Подготви: Александар Георгиоски

Во Прилеп шести традиционален турнир во мал фудбал „Свети Никола 2015“

1

Градоначалникот Марјан Ристески, конфекциската фирма „Комфи ангел“ и претставник од Прилепска Пиварница вчера го најавија стартот на традиционалниот турнир по повод патронот на градот – празникот „Св. Никола“. Во тек е пријавувањето на екипите за шестиот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал, што и годинава традиционално ќе се оддржи во чест на големиот празник Свети Никола, патронот на градот Прилеп. Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола – 2015“ ќе се оддржи од 11 до 27 декември во спортската сала „Арена Сонце“ во Прилеп.
Настанот, како и секоја година, ќе биде збогатен со награден фонд за прво, второ, трето и за четврто место.

2

Организатори на турнирот се Општина Прилеп, конфекциската фирма „Комфи ангел“, Прилепска Пиварница и НВО „Младинската мултикултурна заедница“ од Прилеп.
За учество на турнирот вкупно се пријавени 32 екипи.

3

4

Економскиот факултет од Прилеп одбележува 55 години од своето постоење

Со богата програма и голем број на активности, оваа година Економскиот факултет од Прилеп одбележува 55 години од своето постоење
„Овој јубилеј го одбележуваме со низа манифестации и случувања. Имавме предавања од страна на истакнати стручни лица и претставници на бизнис секторот, се организираа разни спортски натпревари со студентите, имавме изложба на слики од 55 годишното постоење на факултетот, организиравме културни манифестации, крводарителска акција, има направено едно катче каде се изложени сите успеси на нашите студенти, а исто така и во подготовка е едно јубилејно издание на списанието „Еквилибриум“ во кое ќе бидат сместени некои текстови од професорите и слики од постоењето на факултетот, посочи Ѓорѓи Манчески, декан на Економскиот факултет во Прилеп.

Економскиот факултет ги отвара вратите за сите заинтересирани студенти, кои сакаат да се стекнат со соодветно, квалитетно и врвно образование.

[Best_Wordpress_Gallery id=”93″ gal_title=”EkonomskiFakultet”]

Младинската заедница при СОУ “Мирче Ацев” повторно организираше турнир во баскет

DSC02112

Младинската заедница при СОУ Гимназија “Мирче Ацев” , како и секоја година го организираше традиционалниот турнир во баскет, кој се одржа во декември 2015год. На овој турнир се пријавија вкупно 18 екипи составени од професори и ученици од гимназијата. Организациската структура се состоеше од претседателот на Младинската заедница Надица Бунеска, професорот по спорт Тони Атанасоски, Христијан Јанкоски,  Дамјан Савиноски, Марио Ангелески, како и голем број други ученици, кои активно се вклучија во сите активности.

DSC02107

DSC02108

DSC02093

DSC02103

Финалето се одржа на ден 09.12.2015г.(среда), каде што најдобрите се бореја за првото, второто и третото место. Исто така, на финалето присуствуваја и гости од Центарот за јавно здравје Прилеп, кои го искористија овој турнир за да го покажат значењето на врската помеѓу спортот и здравјето.

Д-р Татјана Станимировиќ одржа краток говор по повод месецот декември, месец на борбата против сидата.

DSC02106

DSC02094

DSC02100

DSC02101

DSC02102

 

РОДИТЕЛИ, ВНИМАВАЈТЕ: Дете почина од зачин кој сите го имаме дома!

Една скршена мајка, чие дете почина, ја споделува оваа приказна со сите родители ширум светот. Затоа што грешка се прави за неколку секунди, а таа грешка може да чини живот.

detence-pocina-od-cimet-640x444

Малиот Метју Редар, како и секое дете, сакал да истражува и пребарува низ дома. Еден ден додека бил во кујната, ја отворил полицата со зачини. Додека ги фаќал, на прстите му се залепила мала количина на цимет, а потоа детенцето, раката си ја ставило во уста.

Почнал да кашла, а потоа и да се гуши.

Метју добил напад и неговата мајка повикала Итна помош. Два часа подоцна, во болница, момчето почина.

Гушење предизвикано од цимет е наведено како причина за неговата смрт.

Мајката Бријана од нејзината трагична приказна предоцна ја извлече поуката, но сега сака на сите родители да им порача да бидат внимателни. Цимет има во секој дом, но мора да се внимава каде се чува.

Циметот е опасен. Циметот може да предизвика гушење, а во овој случај со мало дете, дури и смрт.

На Интернет во моментов има популарен предизвик наречен “цимет-предизвик“. Тоа е обид да се голтне цела лажичка со цимет за помалку од една минута.

Досега, дојде до неколку колапси и проблеми со дишење.