Младинската заедница при СОУ “Мирче Ацев” повторно организираше турнир во баскет

DSC02112

Младинската заедница при СОУ Гимназија “Мирче Ацев” , како и секоја година го организираше традиционалниот турнир во баскет, кој се одржа во декември 2015год. На овој турнир се пријавија вкупно 18 екипи составени од професори и ученици од гимназијата. Организациската структура се состоеше од претседателот на Младинската заедница Надица Бунеска, професорот по спорт Тони Атанасоски, Христијан Јанкоски,  Дамјан Савиноски, Марио Ангелески, како и голем број други ученици, кои активно се вклучија во сите активности.

DSC02107

DSC02108

DSC02093

DSC02103

Финалето се одржа на ден 09.12.2015г.(среда), каде што најдобрите се бореја за првото, второто и третото место. Исто така, на финалето присуствуваја и гости од Центарот за јавно здравје Прилеп, кои го искористија овој турнир за да го покажат значењето на врската помеѓу спортот и здравјето.

Д-р Татјана Станимировиќ одржа краток говор по повод месецот декември, месец на борбата против сидата.

DSC02106

DSC02094

DSC02100

DSC02101

DSC02102

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.