Рецитаторски натпревар помеѓу средните училишта во СОУ ” Ѓорче Петров”

1

На ден 10.12.2015г. во просториите на училишната библиотека во СОУ Ѓорче Петров, се одржа вториот по ред Рецитаторски натпревар на средните училишта од Прилеп во чест на св. Климент Охридски – основоположникот на словенската писменост, култура, јазик и литература во Македонија, првиот словенски писател и најистакнатиот ученик на Св. Кирил и Методиј. На натпреварот се претставија ученици од средните училишта од нашиот град со песни кои ги подготвиле со своите професори – ментори.

6 2 4

Учесниците им зададоа тешка задача на членовите на жири – комисијата. А нам, на присутните ни ги разнежнија срцата со прекрасните изведби на стихови од познати поети. Честитки за сите учесници!!! Оваа рецитаторска вечер беше збогатена и со претставата „Игра со натемаго“ во изведба на Драмската секција на нашето училиште и со музичките изведби на нашите ученици. Им благодариме за прекрасно поминатите мигови со нивните изведби!

20 21 10 11 15 16 17 18 19




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.