Општина Кривогаштани ја зафати новогодишната еуфорија со што започна украсувањето на централните подрачја во општината. Ќе се постават новогодишни елки на повеќе локации, различни украси и светилки на најфреквентните места. Оваа година општина Кривогаштани повторно работи на организиран дочек на новата година во центарот на Кривогаштани, каде граѓаните ќе ги забавува Спасен Силјаноски и Некст Тајм а со свои точки ќе се претстават и најмладите од двете основни училишта во општината.
ВИДЕО: За убав почеток на денот, задолжително погледнете го ова
Еден од најубавите моменти на венчавките е кога девојченцето со цвеќе и оној што го носи прстенот влегуваат дотерани да ја завршат својата обврска.
Ама не како овие деца!
Оти нели деца како деца си имаат некои свои планови и мисли, кои баш не се според планот на возрасните.
А токму тие ја прават венчавката незаборавна.
Ослабете со млака вода!
Ова е диета која ја осмислиле фармацевтката Сумико и нејзиниот сопруг Хитоши, која изгубила дури 18 килограми со неа. Најважно е наутро да јадете банани и во текот на денот да пиете млака вода, а резултатите ќе бидат видливи за само две недели.
За доручек можете да изедете повеќе од една банана, исклучиво свежа, но немојте да се прејадувате. Доколку од било која причина не можете да јадете банани, заменете ги со било кое друго овошје. Ако и понатаму сте гладни, почекајте 15 минути, па ако и понатаму чувствувате глад изедете нешто што сакате, но во мали количини.
За ручек и за вечера јадете нормално. Се препорачува да не вечерате после 18 часот. Нема посебни правила околу ручекот и вечерата во оваа диета, нема ниту забранети намирници, но важно е да избегнувате пржена храна и да не се прејадувате. Единствен пијалок кој смеете да го пиете покрај оброкот е млака вода, и тоа во мали голтки. После 15 часот можете да изедете некој десерт како на пример чоколада или бисквити, иако најпрепорачливо е тоа да биде некое овошје.
Пример за мени:
Доручек: банани, кајгана, грејпфрут, шолја зелен чај
Ручек: 2 варени јајца, голема мешана салата со моркови, брокула, кромид, домати и зелена салата
Ужина: јогурт, рака јаткасти плодови
Вечера: пилешки гради, варени моркови или компир
РАСЦЕП ВО НАТО: Италија одби да бомбардира во Сирија под водство на НАТО
Италија нема да се придружи кон воздушните напади кои ги предводат САД во Сирија, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци.
„Ако треба да се биде протагонист воедно значи и да се учествува во бомбардирање што го организира друг, тогаш ќе мора да одбиеме. Позицијата на Италија е јасна. Ние сакаме да се ослободиме од терористите, а не да ги задоволуваме туѓите наредби. Единствено нешто што ни е потребно е да не реагираме без стратешка визија“ “-истакна Ренци.
Ренци воедно направи споредба со воздушниот напад на НАТО во Либија 2011 година, кој им помогна на бунтовниците да го симнат Мухарем Гадафи, но ја оставија Либија во рацете на терористите:
„После четири години војна во Либија, заклучивме дека не добивме задоволително решение. Денес мора да се примени друга стратегија во Сирија“-рече Ренци. ,, Не смееме да дозволиме да ни се случи тоа што се случи во Либија“, додава тој.
Џудо Клуб Бушидо, незапирливо ги освојува спортските пиедестали
На 10.12.2015г, ЏК Бушидо од Прилеп организираше свеченост на која беа доделени Благодарници на нивните млади борци, на нивните соработници и спонзори. Исто така беа презентирани успесите на учениците кои во изминатите 7 месеци покажале големи резултати, и за краток период успеале да срушат големи натпреварувачи на татамите.
Најпрво Благодарница му подели на Ѓорѓи Чатлески, добро познатиот мајстор кој воедно бил и негов учител. Основачот на џудото во Македонија, Ѓорѓи Чатлески им се обрати на учениците за предизвиците и големината на спортот, како и за одвикнувањата кои ги бара спортот за да се постигне успех.
Речиси сите ученици се закитиле со први, втори и трети места во изминатиот период, а сега се веќе уште повеќе мотивирани и се подготвуваат за идните предизвици. Тренерот и мајстор за боречки вештини Рубин Пеески, не го криеше задоволството и говореше пред родителите на децата и поканетите гости.
Тренерот Рубин Пеески потенцира дека наскоро после новогодишните празници, клубот Бушидо започнува со подготовки за изучување на пософистицирани техники и дека очекуваат ширење на клубот, како резултат на новите услови за тренинг и работа, кои ќе ги добијат наскоро.
Беа одбрани и најдобрите во клубот и тоа: Антонио Талески за најдобри резултати и Мартина Јанкоска за најборбен натпреварувач во клубот.
Инаку Рубин Пеески е роден 1974 година, а со боречки вештини започнува да се занимава во 1980г, кај мајсторот Чешелкоски Петар. Во 1990 започнува со изучување на џудото кај мајстор Ѓорѓи Чатлески, каде и стигнал до црн појас прв дан.
Подоцна како припадник на против терористичкиот вод на АРМ, започнува да применува и други боречки вештини.
Џудо Клубот Бушидо започнува со работа во 2014г. и како најзначајни резултати ги издвојуваме: На државно првенство за млади (од 8 натпреварувачи, освоени 6 медаљи), меѓународен турнир Карпалак ( од 10 натпреварувачи, 10 освоени медаљи).
И на крајот едно кратко видео од борбата на Мартина Јанкоска на меѓународниот турнир Карпалак во Прилеп.
ДОНИРАНА ОПРЕМА ВО БРЗАТА ПОМОШ ВО КРИВОГАШТАНИ
Во текот на вчерашнио ден Општина Кривогаштани во соработка со Комфи Ангел и CLS Equipment во новата итна медицинска помош во Кривогаштани донираа опрема во постелнини, компјутер со печатач како и нов телевизор. Со ова се овозможува непречено функционирање на итната помош со што жителите на општината и соседните населени места ќе добијат огромен бенефит за своето здравје. Градоначалникот на општина Кривогаштани и Директорката на здравствен дом го посетија дежурниот персонал, со цел овозможување на сите потребни услови за непречено функционирање на проектот.
Светиниколски турнир распоред на натпревари 12.12.2015
Денеска 12.12.2015, во вториот ден од турнирот во мал фудбал Св. Никола, ќе се одиграат следните натпревари:
16:00 – Бучин- Перпетум-мобиле
16:50 – Аиркон- Пекара Антомос
17:40 – Портал-Битола – Гаштан -сити
18:30- Напредок – Александар Македонски
19:20- Најстекстил – Фондација Г.А.
20:10 – Мајмуни – Економски факултет
21:00 – Дени мебел- Теа – Андреја
РЕЗУЛТАТИ ОД ПЕТОК 11.12.2015
КАРГО ТЕКС-БОЕМИ КРУМЧЕ 6-0
ЗОРО КОМПАНИ-ДУКАТ 2-1
НАПРЕДОК-ИНФИНИТИ 2-2 (3:4)пенали
БУТИК ЕМПАЕР-ФОНДАЦИЈА Г.А. 4-2
ПОРТАЛ БИТОЛА-МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ 6-2
МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА-ОРАНЈЕ ГРОЕП 1-0
Петочно Вечерно Кафе – 11.12.2015
[Best_Wordpress_Gallery id=”94″ gal_title=”PetocnoKafe – 11.12.2015″]
Костурица седеше на иста маса со Путин: Му реков дека слободно може да стави ракети во мојот двор
Истакнатиот српски режисер, Емир Костурица седеше на иста маса со рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прослава по повод 10-годишнината од постоењето на телевизијата „Русија денес“.
Костируца за српски Курир изјавил дека за време на прославата тој успеал да поразговара со шефот на руската држава, на кој му рекол дека слободно може да постави ракети во неговиот двор.
-Со претседателот Путин вчера разговарав во Москва, за време на прославата за 10-годишнината од постоењето на „Русија денес“. Разговаравме на повеќе теми, како и за поставувањето на руска база на Балканот, односно во Србија. Јас му предложив, да ги постави ракетите во мојот двор, објаснил тој.



































































